ИЗРАЕЛ ПОЧНА КОПНЕНА ОФАНЗИВА ПРОТИВ ХЕЗБОЛАХ ВО ЛИБАН, НЕ ПЛАНИРА ДА ИСПРАТИ ТРУПИ ВО ИРАН

    ИЗРАЕЛ ПОЧНА КОПНЕНА ОФАНЗИВА ПРОТИВ ХЕЗБОЛАХ ВО ЛИБАН, НЕ ПЛАНИРА ДА ИСПРАТИ ТРУПИ ВО ИРАНИзраелската операција во Либан следува по цела ноќ воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут (Фото: Анадолу)

    Израел објави дека испратил трупи во Либан за да заземат стратешки области и да спречат напади врз пограничните израелски заедници.

    Една дивизија на израелската војска ќе дејствува во јужен Либан за да се зајакне напредниот одбранбен систем и да се создаде дополнителен слој на безбедност. Истовремено, израелската авијација ја напаѓа инфраструктурата на Хезболах во областа“, кажа портпаролот на војската Надав Шошани.

    Израелската операција во Либан следува по цела ноќ воздушни напади врз јужен Либан и јужните предградија на Бејрут.

    Израел вчера кажа дека лидерот на Хезболах, Наим Касем, е означен за елиминација откако групата потврди дека лансирала дронови и проектили кон Израел во знак на одмазда поради убиството на иранскиот ајатолах.

    Израелската војска кажа дека паралелно ќе продолжи со нападите врз Иран, но таму не планира да испрати копнени трупи.

    Спремни сме да делуваме против Иран со недели, но засега нема планови за испраќање копнени трупи. Мала е веројатноста за тоа“, додаде Шошани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира