ЈАНАКИЕСКИ, ДРЖАВЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ, АДМИНИСТРАТИВЦИ, НОТАРИ И БИЗНИСМЕН СЕ АПСАТ УТРИНАВА ВО ВРСКА СО ШПАНСКИТЕ СКАЛИ

    ЈАНАКИЕСКИ, ДРЖАВЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ, АДМИНИСТРАТИВЦИ, НОТАРИ И БИЗНИСМЕН СЕ АПСАТ УТРИНАВА ВО ВРСКА СО ШПАНСКИТЕ СКАЛИМиле Јанакиески, кој е во куќен притвор за 27 април, е уапсен повторно утринава во акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција. (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е во куќен притвор, државен правобранител за Град Скопје, околу 5 вработени во Министерството за транспорт и врски, нотари, вработени во Катастар и еден бизнисмен, кој требало да ги работи Шпанските скали, се апсат утринава од МВР, по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

    Според обвинителството, се работи за кривични дека Злоупотреба на службената положба и овластувањата и за Несовесно работење во службата, а неофицијално, станува збор за државно земјиште кое Министерството за транспорт и врски го дало на лица кои не ги исполнувале условите, а биле потпишани и анекси во договорот повторно без исполнети услови.

    „Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи презема дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје. По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје. Меѓу осомничените има поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес“, се првичните информации од обвинителството, што ги доби САКАМДАКАЖАМ.МК

    Општина Центар донесе одлука да се градат Шпански скали на Плоштад Македонија во 2015 година, а актуелниот градоначалник Саша Богдановиќ го поништи одобрението за градба во февруари 2018 година, бидејќи инвеститорот во рок од две години по правосилноста на решението,  колку што пропишува Законот за градење, не започнал со изградба на објектот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира