ЈАНКУЛОСКА ДОЈДЕ НА „ТИТАНИК“, ЌЕ СЕ СЛУШААТ БОМБИ НА СУДЕЊЕТО ЗА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ

    ЈАНКУЛОСКА ДОЈДЕ НА „ТИТАНИК“, ЌЕ СЕ СЛУШААТ БОМБИ НА СУДЕЊЕТО ЗА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИОбвинетите Миле Јанакиески, Илија Димовски, Гордана Јанкулоска, Никола Груевски и Мартин Протуѓер пристигнуваат во Основниот суд Скопје 1 за денешното рочиште за „Титаник“ (Фото: К. Попов)

    Обвинетата ексминистерка Гордана Јанкуловска денеска дојде на судењето за предметот на СЈО „Титаник“, каде покрај неа за изборни нерегуларности и злоупотреби се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски и бившото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Претходните две рочишта беа одложени поради отсуство на Јанкуловска, која се породи на 28 јуни.

    Судијата Осман Шабани на почетокот на судењето ја праша Јанкуловска дали е добра и дали сè е во ред.

    „Да, сè е во ред засега судија“, му одговори Јанкуловска.

    Претходните две рочишта од судењето на „Титаник“ беа одложени поради отсуство на обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која се породи на 28 јуни. – Јанкулоска пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: К. Попов)

    На денешното рочиште, како што предложи Специјалното јавно обвинителство, ќе се пуштаат бомбите од прислушуваните разговори. СЈО за овој случај има 1.000 снимки од телефонски разговори. Одбраната на обвинетите, сите адвокат, еден по еден, побараа да не се користат бомбите во предметот оти биле доставени преснимувани разговори а не оригиналните снимки и биле прибавени на незаконит начин.

    „До судот се доставени снимки кои се преснимувани од оригиналниот хард диск кој СЈО го доби од политичката партија СДСМ. Бараме да ни се достави записникот за примопредавање на разговорите“ рече адвокатот Еленко Миланов.

    Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска. Тие се обвинети од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира