Неколку лица загинаа и многу се повредени по експлозија и пожар во бар во луксузниот ски центар Кран Монтана, во југозападна Швајцарија, соопшти денеска швајцарската полиција.
Повикувајќи се на полицијата, „Скај њуз“ објави дека во инцидентот загинале најмалку 10 лица, а некои локални медиуми наведуваат дека бројот може да биде и поголем. Портпарол на полицијата одби да го потврди точниот број на жртви, но изјави дека голем број луѓе се згрижуваат поради изгореници.
Повеќе од 100 луѓе биле во барот во времето на експлозијата, изјави портпаролот на полицијата. Пожарот избувнал ноќеска во 1:30 часот, нејасна е причината за експлозијата, областа е целосно затворена, а над Кран-Монтана е воведена зона за забрането летање, соопшти полицијата.



