НАПАЃАЧОТ НА ГАЛА-ВЕЧЕРАТА ВО ВАШИНГТОН Е МАГИСТЕР ПО КОМПЈУТЕРСКИ НАУКИ, РАБОТЕЛ КАКО НАСТАВНИК И ПРАВЕЛ ВИДЕОИГРИ

    НАПАЃАЧОТ НА ГАЛА-ВЕЧЕРАТА ВО ВАШИНГТОН Е МАГИСТЕР ПО КОМПЈУТЕРСКИ НАУКИ, РАБОТЕЛ КАКО НАСТАВНИК И ПРАВЕЛ ВИДЕОИГРИАлен беше совладан и уапсен откако рани агент на Тајната служба во лобито на хотелот „Вашингтон Хилтон“ (Фото: АП)

    Триесет и едногодишниот Кол Томас Ален, кој се обиде вооружен да упадне на годишната гала-вечера на дописниците од Белата куќа на која присуствуваше и Доналд Трамп, работел како наставник и развивач на видеоигри, според јавно достапните податоци. Ален беше совладан и уапсен откако застрела и рани агент на Тајната служба во лобито на хотелот „Вашингтон Хилтон“, при што Трамп и останатите американски високи функционери беа итно евакуирани.

    Тој живеел во Торенс, предградие на Лос Анџелес и е високообразуван. Сега е обвинет по две точки за употреба на огнено оружје и една точка за напад врз федерален службеник со употреба на опасно оружје, според обвинителката за Округот Колумбија, Џанин Пиро.

    „Ова лице имало намера да направи што е можно повеќе штета“, рече Пиро.

    Како што објави „Си-Би-Ес њуз“, Ален им рекол на властите дека сакал да пука во високи претставници на администрацијата на Трамп. Шефот на полицијата на Вашингтон, Џефри Керол, изјави дека Ален бил вооружен со сачмарка, пиштол и ножеви. Властите сметаат дека делувал сам.

    Профилот на Линкедин што се совпаѓа со името и фотографијата на Ален го опишува како наставник со скратено работно време во компанија за подготовка за тестови и туторство. Според истиот профил, Ален дипломирал машински инженеринг на Калифорнискиот институт за технологија во 2017, а минатата година магистрирал по компјутерски науки.

    Ален, исто така, се опишал себеси на Линкедин како развивач на видеоигри, велејќи дека работел на неговата втора игра. Според јавно достапните податоци, тој донирал 25 долари за претседателската кампања на Камала Харис,

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира