НАВИВАЧКИТЕ ГРУПИ ВЛЕГУВААТ ДА СЕ МИРАТ ВО КАБИНЕТОТ НА ПЕНДАРОВСКИ, ВО ПРИСУСТВО НА УЧЕСНИЦИ ВО КОНФЛИКТОТ ВО 2001 ГОДИНА

    НАВИВАЧКИТЕ ГРУПИ ВЛЕГУВААТ ДА СЕ МИРАТ ВО КАБИНЕТОТ НА ПЕНДАРОВСКИ, ВО ПРИСУСТВО НА УЧЕСНИЦИ ВО КОНФЛИКТОТ ВО 2001 ГОДИНАПретседателот Стево Пендаровски на првото новогодишно обраќање во Собранието. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Претседателот Стево Пендаровски во првото новогодишно обраќање во Собранието рече дека веќе има прв сигнал дека политичките партии во Македонија за првпат се обединуваат околу битните прашања за државата. Тоа е, како што рече, средбата на лидерите на парламентарните партии која се одржа во неговиот кабинет без посредство на странците, веднаш по неповолниот исход на последниот европски самит за почеток на преговорите со ЕУ.

    „До крајот на годината, за првпат во кабинетот на еден претседател, ќе организираме серија средби на навивачите групи во кои се активни млади со различна етничка припадност, и на кои средби, на моја покана, ќе бидат присутни и неколку учесници и сведоци од конфликтот во 2001 година, кои тогаш беа на различни страни“, рече на почетокот на обраќањето претседателот Пендаровски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира