Јас не поднесувам оставкa, оставка се поднесува кога не се работи чесно, јас сум министер за здравство додека нема промена, рече денеска Фатмир Меџити, кој 11 месеци е на оваа функција како кадар на Алијанса за Албанците.
„Се покажа дека ДУИ преку Артан Груби реши докрај да оди против граѓаните и здравствените работници”, рече Меџити.
Тој кажа дека не би знаел кој би можел да го наследи на функцијата.
„Прво да видиме дали ќе бидеме разрешени. Собранието и пратениците ќе одлучат кој ќе биде министер”, рече Меџити.
Б. НЕСТОРОСКА