УШТЕ ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ, 44-ГОДИШНИК ПРОНАЈДЕН МРТОВ ДОМА ВО КАВАДАРЦИ, 18 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС

    УШТЕ ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ, 44-ГОДИШНИК ПРОНАЈДЕН МРТОВ ДОМА ВО КАВАДАРЦИ, 18 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУСВо изминатото деноноќие направени се 351 теста. Од нив преку ИЈЗ-185, преку Ветеринарен факултет –19, Авицена –22 , Биотек –25 и Филип Втори (Жан Митрев) –100 . Досега во земјата се направени 6.230 тестирања на КОВИД-19. (Фото: Ѓ. Личовски)

    На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години Кај него постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот, соопшти Министерството за здравство.

    Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома.

    На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.

    Во Градската општа болница „8 Септември“ примени се 4 нови суспектни пациенти на коронавирус. Вкупната бројка на позитивни и суспектни на КОВИД-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои 8 се во тешка состојба, а 3 пациенти се на респираторна машина.

    Во болницата во Штип нема нови примени пациенти на болничко лекување. Во моментов се хоспитализирани 4 пациенти, од кои 1 пациент со средно –тешка клиничка слика со пневмонија и 3 стабилни.

    Во болницата во Битола исто така нема прием на нови пациенти. Во моментов 4 пациенти кои се на хоспитален третман се стабилни.

    Во изминатите 24 часа, регистрирани се 18 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Кавадарци -1 (починатиот), Крушево – 1 и Кочани -1.

    Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 617 лица.

    Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:
    Скопје – 261
    Куманово – 130
    Дебар – 49
    Штип-20
    Прилеп – 38
    Тетово – 29
    Струга – 28
    Велес – 10
    Битола – 8
    Охрид – 3
    Кавадарци – 3
    Гостивар – 4
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-3
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 18

    Во изминатото деноноќие направени се 351 теста. Од нив преку ИЈЗ-185, преку Ветеринарен факултет –19, Авицена –22 , Биотек –25 и Филип Втори (Жан Митрев) –100 . Досега во земјата се направени 6.230 тестирања на КОВИД-19.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира