ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ СО ОКОЛУ 95 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ ОД 474.000 ИЗБИРАЧИ

    ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ СО ОКОЛУ 95 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ ОД 474.000 ИЗБИРАЧИИако победата на Ѓорѓиевски е со значителна разлика, бројот на освоени гласови е помал од оној со кој победи Данела Арсовска во 2021 година. (Фото: К.Попов)

    Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, победи во вториот круг од локалните избори за градоначалник на Скопје. Според речиси конечните резултати на Државната изборна комисија, по преброени 99,19% отсто од гласовите, Ѓорѓиевски освоил 94.892 гласови, наспроти Амар Мециновиќ од Левица, кој добил поддршка од 60.724 граѓани.

    Иако победата на Ѓорѓиевски е со значителна разлика, бројот на освоени гласови е помал од оној со кој победи Данела Арсовска во 2021 година, кога беше поддржана токму од ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска тогаш освои 118.749 гласови.

    Бројот на неважечки ливчиња во вториот круг е 10.333.  

    Споредено со првиот изборен круг, Ѓорѓиевски ја зголемил својата поддршка за околу три илјади гласови, откако тогаш освои 91.663. Од друга страна, Мециновиќ речиси го дуплирал бројот на гласови во вториот круг, откако во првиот за него гласаа 30.665 граѓани.

    Во Град Скопје се регистрирани 474.304 гласачи.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира