ОСУДЕНА ГРУПА ПЕДОФИЛИ ЗА СЕКСУАЛНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА 14-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД ТЕТОВО, УЦЕНУВАНО СО 10-ГОДИШНАТА СЕСТРА И 7-ГОДИШНИОТ БРАТ

    ОСУДЕНА ГРУПА ПЕДОФИЛИ ЗА СЕКСУАЛНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА 14-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД ТЕТОВО, УЦЕНУВАНО СО 10-ГОДИШНАТА СЕСТРА И 7-ГОДИШНИОТ БРАТДоминираат казните од 4 – 4,5 години затвор, а за вакво тешко кривичното дело што им се става на товар на обвинетите пропишана е казна затвор во траење од најмалку 8 години, додека за делото сторено од првоосомничената најмалку 10 години. - Судењето беше зад затворени врати (Фото:СДК.МК)

    Судија од одделот за организиран криминал во Основниот кривичен суд Скопје, на затворено судење ја осуди 10-члената група за кривични дела „Трговија со дете“, која од 2020 до мај 2023 година кога полицијата ги откри педофилите, продаваше и сексуално експлоатираше дете од ранливо, т.е. растурено семејство.

    Во одговор за САКАМДАКАЖАМ.МК, Кривичниот суд ги соопшти казните, со напомена дека највисоката, таа од 10 години затвор, Апелациониот суд ја скратил на 4,5 години.

    „Ве известувме и дека во рамки на истиов предмет, обвинетата К.Х. која призна вина, беше првостепено осудена на 10 години затвор, за кривичното дело до чл 418 – г ст.1 в.в со чл. 45 од КЗ, но по добиена жалба и надлежно постапување на Второстпениот суд, казната ѝ беше преиначена на 4 години и 6 месеци“.

    Обвинетата Г. Ш. за кривично дело Трговија со дете по чл. 418-г ст. 2 в.в. со ст. 1 вв. со чл.45 од КЗ, судот ја осуди на казна затвор во траење од 7- седум години и 6 месеци

    Обвинетиот С. С. за кривично дело Трговија со дете по чл.418-г ст. 1 вв. со чл.45 од КЗ и кривично дело Трговија со дете по чл.418-г ст.З од КЗ, судот го осуди на единствена казна затвор во траење од 8-осум години и 6 месеци.

    Обвинетата А. П. за кривично дело Трговија со дете по чл. 418-г ст. 1 вв. со чл.45 од КЗ, судот го осуди на казна затвор во траење од 6 години, обвинетиот Р. А. за истото дело доби 4 години, И. З. за истото дело што го сторил, доби исто така 4 години затвор.

    Натаму, за трговија со дете, И. Е. добил 4 години и 6 месеци затвор, А. М. за истото дело 4 години, обвинетиот К. К. 5 години затвор и обвинетиот А. Ш. за кривично дело Трговија со дете  судот го осуди на казна затвор во траење од 4 години.

    Летото 2020 година првоосомничената, го прифатила четиринаесетгодишното дете – жртва во својот дом, а подоцна ги прифатила и нејзините десетгодишна сестра и седумгодишен брат за да се грижи за нив поради нарушените односи во нивното семејство.

    Набргу потоа искористувајќи ја состојбата на немоќ и ранливост на детето – жртва, заканувајќи ѝ се и применувајќи други форми на присилба, започнала да го подведува детето на вршење полови дејствија со дел од осомничените и други НН лица за одреден паричен надомест. Честопати заканите кон детето – жртва биле поврзани со нејзините брат и сестра, дека ако не ги прифати договорените сексуални активности, децата ќе ги остави во дом или ќе ги врати кај нивната мајка.

    Подоцна, уште тројца од осомничените, по претходен договор со првоосомничената, а со цел стекнување за себе противправна имотна корист, две години секојдневно го подведувале детето на вршење полови дејствија по пат на сексуална експлоатација со останатите осомничени и други непознати лица меѓу кои имало и жена.

    Осомничените корисници на сексуалните услуги, иако знаеле дека детето е жртва на трговија со дете, на подведувачите им исплаќале паричен надомест во висина од 50 до 200 евра.

    Во оваа неправосилна пресуда доминираат казните од 4 – 4,5 години затвор, а за вакво тешко  кривичното дело што им се става на товар на обвинетите и кое директно го крши Протоколот кон Конвенцијата за правата на детото што се однесува на трговија со деца, детска проституција и детска порнографија (МД-44/03-95), пропишана е казна затвор во траење од најмалку 8 години, додека за делото сторено од првоосомничената најмалку 10 години.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира