ПАДНА КРАН ВРЗ ОБЈЕКТ ВО ГРАДБА ВО ПОРАНЕШНАТА БИТОЛСКА КАСАРНА, ИМА ПОВРЕДЕНИ

    ПАДНА КРАН ВРЗ ОБЈЕКТ ВО ГРАДБА ВО ПОРАНЕШНАТА БИТОЛСКА КАСАРНА, ИМА ПОВРЕДЕНИЗа време на несреќата на објектот работници изведувале градежни работи. (Фото: СДК.МК)

    Кран висок повеќе метри паднал врз објект во градба во поранешната битолска Касарна. Од СВР Битола потврдија дека несреќата се случила попладнево околу 14 часот и дека има повредени. Полицијата не даде бројка колку лица се повредени и за какви повреди се работи.

    Од Битолската болница ни изјавија дека досега нема донесено повредени.

    За време на несреќата на објектот работници изведувале градежни работи.

    Кранот оштети и дел од објектот во градба.

    На просторот од поранешната битолска касарна се гради комплекс згради и трговски центар.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира