ПО ФИРМИТЕ НА КАМЧЕВ, СЈО ВЛЕЗЕ И ВО „ПЕЛИСТЕРКА“

    ПО ФИРМИТЕ НА КАМЧЕВ, СЈО ВЛЕЗЕ И ВО „ПЕЛИСТЕРКА“Рано утринава во 6 часот, специјални обвинители и инспектори за организиран криминал влегле во главната „Орка Холдинг“ и во сите други компании на Камчев. -Специјалната обвинителка Катица Јанева (Фото: СДК.МК)

    Со судска наредба, обвинители од Специјалното обвинителство заедно со инспектори од Одделот за организиран криминал и корупција во МВР утринава влегле да вршат претрес и во компанијата „Пелистерка“, во рамки на истрагата за финансиски криминал во фирмите на бизнисменот Орце Камчев, потврди СЈО, додавајќи дека е влезено во фирми на повеќе лица.

    Рано утринава во 6 часот, специјални обвинители и инспектори за организиран криминал влегле во главната „Орка Холдинг“ и во сите други компании на Камчев во Скопје, но и во некои други што ги има низ Македонија.

    Послeдната информација е дека контрола почнала да се врши и во „Пелистерка“, сопственост нa Дејан Панделески.

    Газдата на „Пелистерка“ е кумашин на ексминистерот Миле Јанакиески, кој во моментов е вработен таму.

    Официјална и детална информација во кои се фирми СЈО утринава врши претрес, сè уште нема.

    Не се знае ни за какви сомневања се работи, односно за кои кривични дела се врши оваа голема истрага.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира