РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКИ НАРОД, ГО ПОТВРДИ ЗАЕВ ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

    РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКИ НАРОД, ГО ПОТВРДИ ЗАЕВ ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈАЗаев го соопшти постигнатиот договор во Владата, опкружен со своите министри. (Фото: М. Златевска)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека со грчкиот колега Алексис Ципрас постигнале договор за името и тој предвидува Република Северна Македонија, македонски јазик без фуснота и македонска националност со забелешка – граѓани на Република Северна Македонија.

    „Имаме историско вековно решение. Решавајќи го спорот меѓу Македонија и Грција градиме пријателство, пријателство кое никогаш не било поголемо. Решаваме два и пол децениски спор, кој што земјата ја влечеше надолу. Македонски јазик, македонски народ, Македонец, Македонка, заштитени еднаш засекогаш. Нема веќе ФИРОМ. Со овој договор ќе биде зајакнат македонскиот идентитет. Добиваме гаранција за безбедност. Република Северна Македонија со превод на сите јазици, за севкупна употреба и ќе се прецизира со амандман во уставот. Јазикот-македонски без фуснота. Националност-македонска / граѓани на Северна Македонија (Macedonian/Citizens of North Macedonia)“, изјави Заев.

    Премиерот рече дека не постои веќе пречка Македонија да добие покана од НАТО и дека Грција ќе испрати писмо до Европскиот совет дека веќе нема пречки и препорачуваат да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ. Заев потврди и дека наесен ќе има референдум и граѓаните ќе го имаат последниот збор.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира