ШИЛЕГОВ ЈА СОПРЕ ИЗГРАДБАТА НА 95 БАРОКНИ ФАСАДИ

    ШИЛЕГОВ ЈА СОПРЕ ИЗГРАДБАТА НА 95 БАРОКНИ ФАСАДИМеѓу стопираните објекти се и зградата на „Пелагонија“ и онаа на ТЦ „Палома Бјанка“. - Градоначалникот Петре Шилегов на конститутивната седница на Советот на Град Скопје (Фото:СДК.МК)

    Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја сопре изградбата на барокните фасади низ Скопје, кои што се реновираа по налог на неговиот претходник Коце Трајановски.

    Стопирана е изградбата на 95 фасади кои требаше да добијат нов барокен лик за да се вклопат во амбиентот на „Скопје 2014“ во центарот на градот. Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека меѓу стопираните објекти се и зградата на „Пелагонија“ и онаа на ТЦ „Палома Бјанка“, кај кои што веќе се одвиваат градежни работи.

    „Дадов усна наредба да се стопираат сите фасади. Станува збор за 95 објекти. За оваа намена биле предвидени околу 90 милиони денари, пари од граѓаните кои ќе бидат заштедени“, вели Шилегов.

    Што ќе биде со фасадите на кои веќе се почнати градежните работи, дополнително ќе се прават анализи.

    Покрај фасадите, Шилегов ја стопираше и изградбата на панорамското тркало во Вардар.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира