СОБРАНИЕТО ГИ ОСТАВИ ГРАЃАНИТЕ БЕЗ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ, ГЛАВНИОТ ЗАШТИТНИК НА НИВНИТЕ ПРАВА

    СОБРАНИЕТО ГИ ОСТАВИ ГРАЃАНИТЕ БЕЗ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ, ГЛАВНИОТ ЗАШТИТНИК НА НИВНИТЕ ПРАВАОд вчера, Македонија нема Народен правобранител откако Насер Зибери замина во пензија. (Фото: СДК.МК)

    Народниот правобранител Насер Зибери на 12 јули исполнил услов за пензија, а во Службен весник на Македонија сѐ уште не е објавен огласот за избор на нов Омбудсман. Иако пратениците на 10 јули  изгласа одлука да се распише конкурс, одлуката не е потпишана бидејќи претседателот на Собранието Африм Гаши беше на службен пат.

    Затоа, од вчера граѓаните останаа без Народен правобранител.

    Институцијата останува да функционира со само двајца заменици-омбудсмани. Тоа се Илбер Руфати од Кичево и Соња Трифуновска од Скопје.

    Фалат седум заменици и уште еден наскоро заминува в пензија. Долго време Собранието не избира ни заменици, ниту пак ја дава самостојноста на институцијата, која ѝ е загарантирана со Уставот.

    Вработените во Народниот правобранител велат дека и покрај „обезглавувањето“ на институцијата која е првиот заштитник на човековите права во една современа и демократска држава, никогаш нема да престанат да ги прифаќаат и да ги работат претставките на граѓаните.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира