СОБРАНИЕТО СО 80 ГЛАСА „ЗА“ ГО УСВОИ ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН УСТАВНИ ИЗМЕНИ

    СОБРАНИЕТО СО 80 ГЛАСА „ЗА“ ГО УСВОИ ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН УСТАВНИ ИЗМЕНИНепосредно пред гласањето, поголем дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата стана од клупите. (Фото: СДК.МК)

    Собранието вечерва го усвои владиниот предлог за пристапување кон уставни измени со 80 гласа „за“ и 39 гласа „против“. Непосредно пред гласањето, поголем дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата стана од клупите и застана покрај ѕидот, но неколкумина останаа на своите места. По електронското гласање, во салата се читаа поединечно пратениците како гласале на барање на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев.

    Собранието вечерва го усвои владиниот предлог за пристапување кон уставни измени со 80 гласа „за“ и 39 гласа „против“, кои беа утврдени во поединечното гласање на секој пратеник (Фото: К. Попов)

    Од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, „за“ гласаа пратениците Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска-Старова, Љубен Арнаудов, Зеќир Рамчиловиќ и Владанка Авировиќ.

    Следен чекор за усвојување на уставните измени предвидени со Договорот од Преспа е утврдување на нацрт амандманите на измените на Уставот. Амандманите се усвојуваат со апсолутно мнозинство, по што следува уште едно гласање за уставни измени, за кои повторно е потребно двотретинско мнозинство. За амандманите да се гласа има рок од најмалку 80, а најмногу 100 дена.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира