Демократите освоија мнозинство во Сенатот и се на прагот да го направат истото и во Претставничкиот дом, остварувајќи убедливи победи и во републикански упоришта, додека десетици милиони гласачи му упатија остра критика на претседателот Доналд Трамп на меѓуизборите во САД.
Размерите и опфатот на демократскиот бран сè уште се утврдуваат, но партијата извојува победи и во сојузни држави за кои долго време се сметаше дека се недостижни, вклучително и во конзервативните бастиони како Јужна Каролина, Тексас и Ајова.
Според последните проекции, демокраатите имаат потврдени 52 места во Сенатот, а републиканците 41, додека во Претставничкиот дом демократите засега имаат освоено 202 места, наспроти 121 на републиканците,
Демократскиот бран ја истакна длабоката фрустрација на гласачите од начинот на кој Трамп управуваше со економијата, како и од неговата одлука да започне војна против Иран, што доведе до нагло зголемување на цените на горивото.
Во Канзас, пасторот во мегацрква Адам Хамилтон стана првиот демократ кој освоил место во Сенатот уште од времето на Големата депресија пред речиси еден век. Во Охајо, демократот Шерод Браун го освои местото што пред две години му припаѓаше на потпретседателот Џеј-Ди Венс, додека во Тексас, Џејмс Таларико го победи републиканскиот јавен обвинител Кен Пакстон, кој е вмешан во бројни скандали. И Охајо и Тексас во 2024 година гласаа за Трамп со двоцифрена разлика.



