ВЛАДАТА УТРЕ ЌЕ ЈА РАЗРЕШИ АФРОНА ВЕРВИЗОЛИ ОД МЕСТОТО ГЛАВЕН РЕВИЗОР НА ЕВРОПСКИТЕ ПАРИ ОД ИПА ФОНДОВИТЕ, ПОРАДИ НЕМАЊЕ ЛИЦЕНЦА ЗА РЕВИЗОР

    ВЛАДАТА УТРЕ ЌЕ ЈА РАЗРЕШИ АФРОНА ВЕРВИЗОЛИ ОД МЕСТОТО ГЛАВЕН РЕВИЗОР НА ЕВРОПСКИТЕ ПАРИ ОД ИПА ФОНДОВИТЕ, ПОРАДИ НЕМАЊЕ ЛИЦЕНЦА ЗА РЕВИЗОРГлавниот ревизор за ИПА фондовите и неговиот заменик, кои отчет даваат пред ЕУ, треба да имаат уверение за стекнато звање од областа на ревизијата и да поседуваат еден од петте меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик, не постари од 5 години; - Евроамбасадорот Дејвид Гир. (Фото: Фејсбук)

    Владата за утре (11 август) најави дека ќе ја разреши Афрона Веризволи од местото Главен ревизор на ИПА фондовите, бидејќи таа нема ни лиценца за резизор, а Владата на 6 август ја назначи на ова место за кое треба да се исполнети многу строги услови.

    За нејзиното назначување реагираше и Делегацијата на ЕУ во Скопје, која најави дека ќе го преиспита ова назначување, бидејќи се однесуваа на контрола на користењето на проекти и активности финансирани од ЕУ во Македонија.

    „Ја известуваме јавноста дека назначената Афрона Веризволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите. Воедно посочуваме дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиов период, а за кој постои и пишан траг и нотификација од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) кои поради таквото работење побаруваат од државата исплата на неколку милиони евра“, брифираат денеска извори од Владата со државната агенција МИА.

    Во денешниот текст во САКАМДАКАЖАМ.МК за тоа дека ЕУ ќе ја испита компетентноста на Вервизоли, наведено е дека Владата вчера не сакаше да ни одговори што ќе преземе во врска со немањето лиценца за ревизор на главната ревизорка за ИПА Афрона Вервизоли, што ја именувала. Ниту за реакцијата на ЕУ.

    Телефонскиот разговор со Вервизоли вчера не се оствари, а кога се јавивме по вторпат, вработена во Ревизорското тело која не сакаше да се претстави, кажа дека адресата за прашањето – дали новата раководителка ги исполнува строгите европски услови или не за оваа многу важна функција, е во Владата.

    Од Делегацијата на ЕУ добивме недвосмислен одговор:

    „Важно е сите именувања на надлежни позиции во државните институции да се вршат со почитување на сите законски услови за работното место и соодветната стручност. ЕУ внимателно ќе ги испита именувањата од оваа перспектива, особено кога тие се однесуваат на користењето на проекти и активности финансирани од ЕУ во Северна Македонија“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира