ВО ТУРЦИЈА Е УАПСЕН ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ, ДИРЕКТНИОТ ИЗВРШИТЕЛ НА ГРАБНУВАЊЕТО И УБИСТВОТО НА ВАЊА, КАЖА СПАСОВСКИ

    ВО ТУРЦИЈА Е УАПСЕН ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ, ДИРЕКТНИОТ ИЗВРШИТЕЛ НА ГРАБНУВАЊЕТО И УБИСТВОТО НА ВАЊА, КАЖА СПАСОВСКИПринтскрин од подкастот на Љупчо Палевски - Палчо, емитуван на 28 ноември еден ден по киднапирањето и убиството на 14-годишната Ѓорчевска. (Фото: Фејсбук)

    Љупчо Палевски – Палчо, креатор, планер, главeн координатор и директен извршител на грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, е лишен од слобода во Турција, кажа вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Палевски се криел во турскиот град Баликесир и таму е лишен од слобода од турската полиција.

    Зборувајќи на вонредна прес-конференција, Спасовски рече е изготвена на 100 страници кривичната пријава против пет лица за грабнувањето и убиството на Ѓорчевска и 74-годишниот Павле Жежовски.

    Претходно денеска, Јавното обвинителство соопшти дека е приведен 46-годишен скопјанец кој му помогнал на Палевски да избега во Турција. На 2 декември, тој со возило „Ленд Ровер“ го однел Палевски од Србија во Турција, преку Бугарија. Палевски избегал во Белград на 30 јуни, три дена по грабнувањето и убиството на Ѓорчевска, исто така, со автомобил, заедно со неговиот адвокат, кој рече дека Палевски побарал од него да го донесе на преглед.

    Вечерва, на нов распит во Основниот кривичен суд се спроведени останатите четворица осомничени за случајот, вклучувајќи го и таткото на Ѓорчевска. За нив обвинителството повторно бара притвор, откако првично им беше одреден 48-часовен притвор.

    На Палевски, во отсуство му беше одреден 30-дневен притвор. По него беше распишана меѓународна потерница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира