И АРАПИТЕ ЌЕ ПОТОНАТ ВО ОТЕШЕВО?

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:47:"Отешево,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И АРАПИТЕ ЌЕ ПОТОНАТ ВО ОТЕШЕВО?

    Само дотраената рампа со натпис „приватен имот, забранет влез“ и некој зафат за израмнување на плажата најавуваат дека некогашниот хотел „Европа“ и околината имаат приватен газда. Летото, местото го купи „Глобал инвестмент фонд“ од Обединетите Арапски Емирати.  Но, на терен нема градежни зафати кои најавуваат дека некогаш најпознатата туристичка населба на брегот на Преспанското Езеро ќе доживее ренесанса.

    Само дотраената рампа со натпис „приватен имот, забранет влез“ најавува дека некогашниот хотел „Европа“ и околината имаат приватен газда (Фото: СДК.МК)

    Само дотраената рампа со натпис „приватен имот, забранет влез“ најавува дека некогашниот хотел „Европа“ и околината имаат приватен газда (Фото: СДК.МК)

    На рампата пишува дека местото е 24 часа под видео надзор, но не видовме никаде камера, а околу имаше само борови стебла. До хотелот води асфалтирана патека останата од социјализмот, која поради неодржување има кратери од дупки и подигнат асфалт како да била бомбардирана. Старите излетнички маси се прекриени со купишта лисја кои човечка рака не ги расчистила со години.  Од игралиштето каде некогаш спортуваа летувалците денес е останат само еден кошаркарски обрач. Другите некој ги украл и останале само празни табли.

     ХОТЕЛ „ЕВРОПА“ 11 ГОДИНИ Е РУИНА

    Низ густата вегетација се пробивме до хотелот „Европа“, кој до пред единаесет години беше годрост на Преспа, со најубав поглед кон езерото, највкусна рибина чорба, место каде преседуваа странци и диско клуб со луди забави. Откако во сомнителни околности изгоре во 2005, до денес остана само руина. Сликата што ја затекнавме е полоша дури од онаа во деновите по пожарот, што го оштети објектот, од соби, ресторан, ходници, парно, тоалети, а по огнот настапија кадците. Тие однесоа сѐ што можеше да се земе, од врати, прозорци, кабли, плочки, штеконди, веце шолји. Денес „Европа“ изгледа како да преживеала војна.

    Денес „Европа“ изгледа како да преживеала војна (Фото: СДК.МК)

    Денес „Европа“ изгледа како да преживеала војна (Фото: СДК.МК)

    Жителите кои ги затекнавме со тага зборуваат за хотелот.

    „Во социјализмот, кога се вратив од војска се градеше хотелот. Со коњи се носеа градежни материјали зашто задругата во тоа време немаше камиони. Се изгради со соби, тераси, угостителско чудо беше за тоа време. Со коњи се градеше, а го разграбаа со камиони по пожарот. Арамии сѐ однесоа. Немаше ни кој да ги запре. Денес доаѓаат туристи, но освен еден помал хотел нема каде да се сместат на друго место“, вели преспанецот Милан Тасевски.

    Шетајќи околу руината од хотел затекнавме и други битолчани кои одлучиле да излезат на чист воздух. Жално е што местото останува туристички неискористено зашто е воздушна бања, од една страна се протега Преспанското Езеро, а од другата планината Галичица.

    „Овде се најубавите видиковци кон Преспанското Езеро. Само тие останале цели по пожарот и атакот од крадци. За ваков поглед нашите плаќаат стотици евра на други туристички места, а кај нас остануваат неискористени“, велат посетителите.

    ПО ПОРТУГАЛЦИТЕ, ДА НЕ ПОТОНАТ И АРАПИТЕ

    По пожарот, предизборната авантура со продажба на местото на португалска компанија „Аквапура“ беше исто така погубна. Португалците  ветија  дека ќе вложат над 50 милиони евра за да го направат седма најубава туристичка точка во светот. Местото го купија за евро од метар квадратен во 2006, непосредено пред параламентарните избори, кога градоначалник на Ресен беше Димитар Бузлевски од СДСМ. Но, ништо не се изгради. Се промени власта, па  фирмата се жалеше дека државата ги кочи во изградбата, а државните институции дека соспствениците не доставиле потребна документација за да градат.

    Од Општина Ресен најавија дека Арапите до летото 2017 ќе го реновираат хотелот (Фото: СДК.МК)

    Од Општина Ресен најавија дека Арапите до летото 2017 ќе го реновираат хотелот (Фото: СДК.МК)

    По Португалците, летово беше најавено дека хотелот „Европа“ ќе го спасуваат Арапи. „Глобал инвестмент фонд“ е новиот инвеститор од Обединетите Арапски Емирати кој ги купи урнатините што останаа од некогашниот луксузен хотел на брегот на Преспанското Езеро. Инвеститорот летово се сретна со претставници од Општина Ресен на која не присуствуваа новинари. До медиумите од Општината испратија снимен материјал со изјави за новиот сопственик, но без информација по која цена Арапите го купија местото. Тогаш, Абдулбари Салах од „Глобал инвестмент фонд“ рече дека е задоволен од атрактивната локација и најави дека ќе се привлечат многу туристи.

    Од Општина Ресен најавија дека Арапите до летото 2017 ќе го реновираат хотелот.

    „Според она што го имам како информација од инвеститорите, сметам дека се работи за една исклучително сериозна фирма со која, според она што го планира, ова лето ќе треба на местото на стариот хотел да никне еден нов модерен хотел кој ќе ги исполнува сите стандарди на модерниот туризам“, вели ресенскиот градоначалник Ѓоко Стрезовски.

    Со оглед дека на терен нема градежен зафат кај хотелот, во престојните месеци ќе мора интензивно да се работи за да се исполни ветувањето, за во Отешево покрај Португалците да не потонат и Арапите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира