ГРАДСКАТА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ ТРИ МЕСЕЦИ БЕШЕ БЕЗ ТОМОГРАФ ПОРАДИ ПРОБЛЕМ СО ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРАДСКАТА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ ТРИ МЕСЕЦИ БЕШЕ БЕЗ ТОМОГРАФ ПОРАДИ ПРОБЛЕМ СО ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

    БИРОКРАТИЈАТА ПОВАЖНА ОД ЗДРАВЈЕТО – Серија текстови за корупцијата во здравството (4)

    Градската општа болница „8-ми септември” првите три месеци од годината остана без компјутерски томограф, бидејќи се потрошила катодната цевка, а болницата заглави со тендерот за набавка на нова. Во случајов најпогодени беа итните случаи и пациентите со мозочни удари и повреди на главата, бидејќи компјутерската снимка е неопходна за правилна дијагноза и навремен третман.

    Тендерот за набавка на новата цевка доцнеше, бидејќи, како што рекоа од болницата, Советот за јавни набавки повеќе пати им ја враќа тендерската документација, и дека тоа е случај со скоро сите набавки.

    „Тендерот за катодната цевка ни го вратија четири пати, бидејќи првично побаравме да ни одобрат набавка по итна постапка. Тоа го одбија со образложение дека требало претходно да ја предвидиме набавката, а ние однапред не можеме да знаеме кога таа ќе прегори. Поради големиот број пациенти на нашиот томограф се снима три пати повеќе од стандардот за оптимално користење што е пропишано од производителот. И да сакаме, не можеме да предвидиме кога ќе прегори цевката, ниту пак однапред да набавиме резерва, бидејќи таа чини пет милиони денари, а болницата 2015 година ја заврши со долг од 200 милиони денари”, рече проф. д-р Сашо Стојчев, директор на ГОБ”8-ми септември.

    Од секторот за јавни набавки на ГОБ „8-ми септември” велат дека во случајов е апсурд што Советот барал да се направи спецификација за да се овозможи поголема конкуренција, а за конкретниот апарат има само еден производител на катодни цевки и еден официјален добавувач во земјава.

    „Ни ги враќаат постапките за набавка на реагенси и на останатите апарати, при што се случува третиот пат да побараат огласот да биде објавен како првично што сме го дале на одобрување. За одредени реагенси за новите апарати земавме урнек од веќе одобрени постапки од другите болници во земјава, но повторно ни ги вратија на доработка. Не е јасно како истата спецификација минува за болницата за Штип или за Тетово, а за нашата не минува”, велат од ГОБ „8-ми спетември”.

    Борче Христов, претседател на Советот за јавни набавки вели дека во случајот со томографот во „8-ми септември” не можеле да дозволат итна набавка, бидејќи сервисерот доставил допис во кој се вели дека болницата била предупредена да ја замени цеката, оти апаратот работел со двојно повеќе часови од она што го гарантира производителот.

    ГОБ „8-ми септември” до Советот за јавни набавки во 2015 и 2016 година поднела 330 барања за согласност.

    „Болницата  лани поднела едно барање за согласност, а годинава две за преговарање без објавување оглас од причини од крајна итност”, велат од Советот за јавни набавки.

     

     

    birokratija-zdravtsvo-1

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира