Ѝ КАЖУВААТ „НЕ“ НА ДРОГАТА СО ПРОИЗВОДСТВО НА ОРГАНСКА ХРАНА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:333:"Државатамораданајдесистемскирешенијаипрограмизапоголемамотивацијанаизлекуванитезависницивопроцесотнареинтеграција,порачуваатодтерапевтскатазаедница„Покров“";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    Ѝ КАЖУВААТ „НЕ“ НА ДРОГАТА СО ПРОИЗВОДСТВО НА ОРГАНСКА ХРАНА

    ,,Ми беше преку глава од животот со дрога. Свесен бев дека нема да издржам уште долго ако останев на хероин. Сакав да ставам крај на таквиот живот, но секогаш дрогата победуваше. Заедно со мене тонеше и моето семејство. Ми беше тешко да се одлучам да се лекувам во Покров, но сфатив дека ако продолжам со дрогата, сам си потпишувам смртна казна“, ја опишува својата одлука, 30-годишен наркозависник од Струмица, кој 15 месеци се лекува  во терапевтската заедница „Покров“ во која околу половина деценија зависници се одвикнуваат од дрога, алкохол и хазард.

    Под строга контрола на психотерапевти, социјални работници, психолози, со индивидуална, групна и работна терапија, момчето од Струмица сега на животот гледа со други очи. Се чувствува подготвен да ги прифати сите животни предизвици и да ѝ каже „не“ на дрогата заради која како што вели изгубил сè.

    Производите на „Покров“ веќе може да се најдат во поголемите маркети за органска храна.

    Производите на „Покров“ веќе може да се најдат во поголемите маркети за органска храна.

    „Изгубив многу, но сè е школо. Мислам дека сега знам што и како понатаму со мојот живот“, вели струмичанецот кој со уште други 20-тина лица од земјава на доброволна основа се вклучиле во  програмата  на ,,Покров“ за лекување од зависности, ресоцијализација и реинтеграција.

    Апстинентите живеат во заедницата. Таму спијат, се хранат се лекуваат, и работат. Целата терапија се одвива низ четири фази. Фаза на адаптација и ориентација, на интензивно лекување,  на рехабилитација и фаза на реинтеграција со цел зависниците да бидат општествено корисни луѓе.

    Триесетгодишниот струмичанец ја поминува последната фаза за реинтеграција. Во ,,Покров“ научил нови работни вештини. Научил да ора со трактор, да одгледува и произведува зеленчук. Но посебно е горд што научил да готви и секој ден тој е задолжен за менито во ова заедница.

    „Се надевам кога ќе излезам, ќе успеам своите кулинарски вештини да ги докажам во некој ресторан. А и да не бидам професионален готвач, со задоволство ќе готвам за себе и за фамилијата. Најмногу сакам да правам мусака со многу зеленчуук кој овде го имаме во изобилие“, раскажува со насмевка на лицето црномурестото момче кое се уште размислува дали по завршувњето на рехабилитацијата да се вработи во „Покров“.

    Оваа тераписка заедница ја нуди и оваа можност бидејќи се уверени дека процесот на реинтеграција е најважен. Зависниците може да останат како вработени и да земаат плата.

    Штитеници сами создаваат здрава органска храна и на тој начин ја забрзуваат детоксификацијата, објаснува Сократ Манчев, раководител на заедницата

    Штитеници сами создаваат здрава органска храна и на тој начин ја забрзуваат детоксификацијата, објаснува Сократ Манчев, раководител на заедницата

    „Ние овде имаме своја економија, која е дел од работната терапија. Одледуваме органско производство. Нашите штитеници сами создаваат здрава органска храна. На тој начин ја забрзуваат детоксификацијата, а од друга страна со производството на одредени артикли оваа заедница станува самоодржлива. Еве почнавме да произведуваме органски томато џус од розови домати, произведуваме наш мед, а да не зборувам за органското шери кое ни е препознатлив белег. На тој начин, од произведувачи на штети создаваме даночни обврзници“, објаснува Сократ Манчев, раководител на заедницата кој вели дека нивните производи веќе може да се најдат во поголемите маркети за органска храна.

    На површина од хектар и половина во „Покров“ има пластеници со разновиден органски зеленчук, овошни насади. Имаат кошеви со пчели, произведуваат органско ѓубриво со помош на калифорниски црви. За целата економија задолжени се самите зависници. Секој си има своја работна задача. Сега се работи на подигање нова оранжерија, исто така, за одгледување на  зеленчук која ќе биде адаптирана по сите стандарди, сè со цел да се произведува и преку зима, бидејќи нивните производи почнале да се бараат на големо.

     Зависниците може да останат во заедницата како вработени и да земаат плата.

    Зависниците може да останат во заедницата како вработени и да земаат плата.

    „Многу е важен процесот на реинтеграција. Ако на некоја личност ѝ помогнете да се избори со зависноста и ако не ја интегрирате во системот, тогаш каков би бил интересот на таа личност да живее само со апстиненција. Нашата идеја е да ги научиме овие лица да управуваат со својот живот со апстиненција. Тука држвата мора да најде системски решенија и програми за поголема мотивација на овие лица во процесот на реинтеграција“, тврди Манчев.

    „Покров“ работи шест години благодарение на помошта што ја добива од Швајцарската агенција за обнова и развој „Цивика мобилитас“, МПЦ, Општина Струмица. Оттаму досега 20-тина зависници успешно го поминаа целиот процес и излегле чисти. Дел од нив се вработени во заедницата која функционира и како социјално претпријатие. Планот е на сите во овој комплекс, кој се наога на пет километри од Струмица, кон манастирите во Водоча, кај населеното место Баница да се изгради мала конзервна фабрика и своите органски производи на пазарот да ги пласираат како преработки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира