ШПИОНИТЕ НА ЦИА НЕМАЛЕ ИНТЕРЕС ЗА ТЕТОВСКИТЕ АЛБАНЦИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШПИОНИТЕ НА ЦИА НЕМАЛЕ ИНТЕРЕС ЗА ТЕТОВСКИТЕ АЛБАНЦИ

    Шпионски информации за состојбите во Тетово се меѓу 13 милиони страници нови декласифицирани документи на Централната разузнавачка служба на САД ЦИА, што агенцијата ги објави минатиот месец, а кои претходно беа заведени како „врвна тајна“ и никогаш досега не биле објавени во јавноста. Овие документи на ЦИА го опфаќаат периодот од 1945 до 1995 и во нив има илјадници документи во кои се зборува за Југославија и за Македонија.

    Дарко Гавроски, проучувач на историјата на Тетово, се заинтересирал за овие докуманти на ЦИА и успеа да ги пронајде сите оние информации во кои се споменува Тетово.

    Тетово се споменува во точно 89 документи, од кои дури 65 се со историско значење и од нив може да се извлечат релевантни податоци, вели истражувачот Дарко Гавроски; - Документ на ЦИА за воен магацин со оружје на Шар Планина од јануари, 1949

    Тетово се споменува во точно 89 документи, од кои дури 65 се со историско значење и од нив може да се извлечат релевантни податоци, вели истражувачот Дарко Гавроски; – Документ на ЦИА за воен магацин со оружје на Шар Планина од јануари, 1949

    „Тоа беше навистина обемна работа, некои документи имаат по една или неколку страни, но некои беа навистина обемни од преку 700 страни, кои мораа внимателно да се прегледаат за да се види каде се споменува Тетово и во кој контекст се споменува. Беше уште потешко бидејќи се работи за скенирани документи, па не може да се применат алатки за пребарување. При претрага открив дека Тетово се споменува во точно 89 документи, од кои дури 65 се со историско значење и од нив може да се извлечат релевантни податоци. Останатите 24 се општи документи за Југославија или Македонија во кои Тетово само се попатно се споменува (пример: при набројување градови, научни анализи за географија и слично)“, вели Гавроски кој поголем дел од овие документи ги има објавено и на неговата фејсбук страна „Го љубим Тетоо“.

    Најстариот документ кој се однесува на Тетово потекнува од 02.11.1945, тоа бил документ испратен од Лондон до Вашингтон во кој на 26 страници се споменуваат шпиони од Балканот и нивните кодирани имиња. Меѓу нив, на страница 11, се зборува дека за соработник им се понудил тогашниот тетовски муфтија, но бил одбиен. Документот со најнов датум потекнува од 21.12.1995, каде во пообемен извештај за кризата во бивша Југославија се споменуват тензиите околу Тетовскиот универзитет.

    „Агентите на ЦИА се интересирале речиси за сé, за тетовската касарна, тетовскиот воен аеродром, стопанството, за изградбата на волнарскиот комбинат ‘Тетекс’, за албанското прашање, па дури оделе во такви детали како какви видови крави има на Земјоделскиот институт во Тетово и колкава е широчината на патиштата. Сепак, главниот интерес бил насочен кон воените објекти. Така, во неколку документи во периодот од 1945-1955 има информации која воена единица е стационирана во тетовската касарна, кои се командантите, каде се наоѓаат воените магацини. Еден документ од 1951 се однесува целосно на Тетово и во него има детална информација и опис на касарната во Тетово, каде тогаш бил сместен 87. пешадиски полк на чело со словенечкиот мајор Фердо Толар. Потоа, во документот следи листа колку пушки има во касарната, колку телефони, радио станици и друго, а се наведува и тоа дека има и една тенковска единица со 15 тенкови од советско и германско производство. Детални податоци за тетовската касарна се среќаваат и во документ од 01.12.1970“, вели Гавроски.

    „Неочекувано, но албанското малцинство (како што е наведено во документите) во Тетово е мошне малку е застапено во овие објавени документи на ЦИА. Најчесто, само се даваат напомени во други детални анализи на ниво на Југославија. Најраните документи за оваа тема зборуваат за бегалци про-Тито кои пребегале од Албанија, од кои дел прво биле населени во Сараево, па живееле и работеле под заштита на државата во Тетово, за потоа да бидат префрлени во Белград (извештај од 05.07.1951 и од 03.06.1952). Се известува и за анти-Тито инфилтрации од Албанија во Југославија, при што, како што стои во еден документ, тимот на Бајрам Добродоли бил инфилтриран од Пешкопеја во реоните на Челопек и Добридол (извештај од 28.09.1950). Иако очекував да најдам документ околу најтензичната ситуација во Тетово во овој период – Албанските демонстрации од 1968 – таков документ нема. Единствено, во една анализа, од 07.02.1969, за кризата во 1968 на Косово кратко се наведува дека таа се прелила и во Тетово со демонстрации, во кои главно барање било присоединување на Тетово кон Косово. Дури многу подоцна (во последните документи од 1995) повторно и пак накратко се известува за албанското малцинство, каде се посочува дека во Македонија има опасност од тензии околу Универзитетот во Тетово (извештај за улогата на УНПРОФОР од 08.03.1995 и од 21.12.1995)“, вели Гавроски.

    ТЕТОВСКИОТ АЕРОДРОМ НАЈИНТЕРЕСЕН ЗА ЦИА

    Агентите на ЦИА пројавиле голем интерес за тогашниот тетовски аеродром. Во документите се  наведува дека аеродромот бил завршен пролетта, 1948 на барање на Советите и се вели дека бил „најмодерен воен аеродром на Балканот. Според податоците, тој имал писта долга 2.500 метри и широка 150 метри, а се наоѓал на “8 км јужно од Тетово на левата страна од патот кон Гостивар“, односно во близина на тетовското село Жеровјане.

    „Аеродром Тетово може да се смета за најмодерен на цел Балкански Полуостров. Има бетонска писта долга 2.500 метри и широка 150 метри и има модерни инсталации. Аеродромот е лоциран 8 км од Тетово на левата страна од патот од Тетово за Битола. Градбата на овој аеродром беше изведена на барање на Советските власти и под супервизија на Советски експерти. Околу 230 нови типови на борбени авиони и средни бомбардери од Советско производство, се моментално распоредени на Аеродромот“, пишува во документ на ЦИА од 1948. Некогашиот аеродром во Жеровјане сега е претворен во ниви (Фото: СДК.МК)

    „Аеродром Тетово може да се смета за најмодерен на цел Балкански Полуостров. Има бетонска писта долга 2.500 метри и широка 150 метри и има модерни инсталации. Аеродромот е лоциран 8 км од Тетово на левата страна од патот од Тетово за Битола. Градбата на овој аеродром беше изведена на барање на Советските власти и под супервизија на Советски експерти. Околу 230 нови типови на борбени авиони и средни бомбардери од Советско производство, се моментално распоредени на Аеродромот“, пишува во документ на ЦИА од 1948. Некогашиот аеродром во Жеровјане сега е претворен во ниви (Фото: СДК.МК)

    Во документ на ЦИА од 19.07.1948 стои: „Градењето на голем аеродром беше неодамна завршено во јужна Србија. Се вика Аеродром Тетово и може да се смета за најмодерен на цел Балкански Полуостров. Има бетонска писта долга 2.500 метри и широка 150 метри и има модерни инсталации. Аеродромот е лоциран 8 км од Тетово на левата страна од патот од Тетово за Битола. Градбата на овој аеродром беше изведена на барање на Советските власти и под супервизија на Советски експерти. Околу 230 нови типови на борбени авиони и средни бомбардери од Советско производство, се моментално распоредени на Аеродромот“.

    Неколку месеци подоцна, во декември истата година, во една голема анализа на воздухопловните сили на Југославија повторно се споменува овој аеродром: “Тетовскиот аеродром е втор по големина (по тој во Скопје) доделен на 3-тиот воздухопловен регимент. Пред скоро време беше завршен: Русите имаат намера тој да биде најмодерен аеродром на целиот Балкански Полуостров, кој мора да биде користен од Руските воздухопловни сили. Има модерна опрема за комплетни операции за еден најсовремен аеродром: опрема неопходна за ноќно летање па дури и школа за ноќно летање. Овој аеродром моментално е целосно видлив од воздух. Тука се сместени 250 авиони : 10 ескадрили на борбени авиони и 80 ескадрили на бомбардери вклучувајќи модели ‘јак’, ‘стормовик’, ‘петлјаков’, ‘мартин’. Овој аеродром се смета за централна база во случај на итна потреба на вклучување на овие авиони во одбрана на јужна Србија и нивни напади на Грција и Турција. Ова е главна база на сите авиони од СССР каде товарат нафта и бомби, и на враќање, извршуваат нови напади врз нивни цели“, пишува во строго доверливиот извештај.

    По трагата на овие информации отидовме во село Жеровјане. Селото се наоѓа во самиот центар на рамното полошко поле. Неговите постари жители се сеќаваат на аеродромот од кажувањето на нивните родители.

    „Јас имам 75 години, но во времето кога постоел како воен аеродром јас не се сеќавам бидејќи тогаш сум бил многу мал. Но затоа, од подоцна ја помнам зградата која се наоѓаше на аеродромот, беше ѕидана со полна цигла но веќе беше во распаѓање. Во 1963 татко ми доби дозвола, но не од ЈНА, туку од тогашната управа на Југословенски железници од дирекцијата во Македонија, да може да ги земе циглите од зградата од кои ја изградивме нашата куќа. За циглите даде и пари. Повеќе пати сум го слушал татко ми, а и моите постари роднини како кажуваа дека аеродромот бил ограден зафаќал голем простор и бил ограден со жица, а на него слетувале многу авиони“, се сеќава Гафур Дервиши од Жеровјане.

    „Татко ми ми кажуваше дека тогаш, кога функционирал аеродромот, строго било забрането да се садат дрвја кои високо растат како тополи, бидејќи можеле да им пречат на авионите“, вели Гајур Вејсели од Жеровјане (Фото: СДК.МК)

    „Татко ми ми кажуваше дека тогаш, кога функционирал аеродромот, строго било забрането да се садат дрвја кои високо растат како тополи, бидејќи можеле да им пречат на авионите“, вели Гајур Вејсели од Жеровјане (Фото: СДК.МК)

    Неговиот соселанец Гајур Вејсели нé однесе на местото каде бил аеродромот. Освен беспрекорно рамното место, со ништо друго не може да се насети дека тука некогаш имало голем аеродром. Целиот простор е парцелизиран со ниви и овоштарници.

    „Татко ми ми кажуваше дека тогаш, кога функционирал аеродромот, строго било забрането да се садат дрвја кои високо растат како тополи, бидејќи можеле да им пречат на авионите. Аеродромот почнувал од близината на железничката станица на почетокот на Жеровјане и одел  во правецот кон Тетово, сѐ до сегашниот пат кај Горно Седларце. Ние во Жеровјане ова место и сега го викаме Аеродром. Таму земјата сѐ уште е тврда и сува. Еден мој роднина има таму нива и вели дека кога ќе ја навади, за час или два водата ја снемува“, вели Гајур Вејсели.

    После судирот со Русија и Информбирото од 1948 и повлекувањето на советските војници од тогашна Југославија, аеродромот постепено го губи својот воен карактер и повеќе не се споменува во документите на ЦИА. При крајот на педесеттите и почетокот на шеесеттите години од минатиот век се користи како спортски аеродром на Аеро клубот од Тетово.

    „Тој аеродром еден период го користевме од Аеро клубот од Тетово.  До таму одевме со велосипеди, а понекогаш и со воз бидејќи железничката станица беше веднаш до аеродромот . Имаше многу убава тревната писта. Таму пуштавме модели на едрилици. Воздршната термика на тој просто беше извонредна, па нашите едрилици летаа мошне долго. Аеродромот така многу се користеше и за тренинг на падобранци кои полетуваа со авиони од моделоп ПО 2. Овие авиони доаѓаа од Скопје, а по завршувањето на тренингот си заминуваа. Јас уште се сеќавам дека имаше големи хангари и зграда, но тие тогаш беа во рушевини. Но како минуваа годините, дел по дел од пистата се одземаше и се претвараше во ниви, па наскоро престанавме да доаѓаме“, се сеќава Мане Илиевски, еден од првите авиомоделари од Тетово.

    Освен за воените постројки, за агентите на ЦИА биле интересни и другите аспекти на животот во Тетово. Се интересирале за капацитетите на Земјоделско-Технолошкиот Институт во Тетово, за одгледувањето јаболка, за градежната компанија „Бетон“, а најголем дел информации се однесуваат на Волнарскиот комбинат „Тетекс“. Има дури 14 документи во кои се зборува за „Тетекс“, од тоа дека започнал да се гради во 1949, а со работа започнал  на 25. 05. 1951, дека се донесени текстилни експерти од Словенија и Хрватска за кои се граделе посебни станови. Од различни години има податоци за капацитетит и обемот на производството на „Тетекс“ и изградбата на нови погони.

    Гавроски очекува наскоро да бидат достапни и нови документи од ЦИА, со кои уште повеќе би се расветлил овој период од историјата на Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира