НЕ ВРЕДИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ВО РИО ДА РИЗИКУВАШ ДА ЗАЖАЛИШ ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ, ЗАГРИЖЕН Е БЕРДИХ

a:1:{s:9:"td_source";s:28:"Вашингтон,(АФП)

    НЕ ВРЕДИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ВО РИО ДА РИЗИКУВАШ ДА ЗАЖАЛИШ ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ, ЗАГРИЖЕН Е БЕРДИХ

    Томаш Бердих попрвин би ја пропуштил Олимпијадата во Рио отколку да преземе и најмал ризик да се зарази со вирусот Зика и потенцијално да пренесе вродени маани на неговите деца во иднина.
    30-годишната чешка тениска ѕвезда, која минатата недела ја прослави првата годишнина од бракот со сопругата Естер, вели дека можеби има уште неколку години од кариерата, по што целосно ќе се посвети на семејството.
    „Ми остануваат уште можеби 60 години од животот. Ако нешто ми се случи, ќе треба да живеам цел живот со тоа. За една недела, еден турнир, може да зажалам за цел живот“, кажа Бердих.
    „Затоа, иако ризикот е веројатно мал, морам да бидам сигурен. Не сакам проблеми за само една недела, не“.
    Вирусот Зика, кој се пренесува преку комарци и предизвикува сериозна болест и е поврзан со вродени маани кај деца, е причина за многу откажувања на врвни спортисти од Олимписките игри во Рио.
    „Тоа е моја лична одлука. Размислував многу во врска со тоа. Се надевам ека луѓето ќе ја прифатат мојата одлука да се повлечам од Игрите во Рио. Ја донесов врз основа на факти“, вели Чехот.
    Покрај Бердих, кој е осми на АТП-листата, во Рио нема да настапат ниту седмопласираниот Милош Раониќ и светскиот рекет број девет, Доминик Тием.
    Бердих беше критикуван во татковината поради повлекувањето од Игрите и обвинуван дека не е доволно лојален на својата нација.
    „Не можеш сите да ги задоволиш. За мене, ова беше тешка одлука. Уште како дете сакам да играм за мојата земја. Но, немам повеќе 20 години“, рече Бердих, кој се надева дека ќе може да настапи на следните ОИ во Токио по четири години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари