3 ЈУЛИ БИЛ НАЈТОПЛИОТ ДЕН ВО СВЕТОТ ОТКАКО СЕ ПРАВАТ МЕРЕЊАТА

    3 ЈУЛИ БИЛ НАЈТОПЛИОТ ДЕН ВО СВЕТОТ ОТКАКО СЕ ПРАВАТ МЕРЕЊАТАНеодамна беше потврдено дека светот го искусил најтоплиот јуни досега. (Фото: СДК.МК)

    Просечната глобална температура достигнала нов рекорд во понеделникот кога првпат досега таа изнесувала 17 Целзиусови степени. Американските истражувачи кажаа дека тоа е највисоката просечна температура откако се прават мерењата од крајот на 19. век.

    Научниците веруваат дека доаѓањето на временскиот феномен Ел Нињо и постојаните емисии на јаглеродниот диоксид се причината за зголемувањето на топлината. Неодамна беше потврдено дека светот го искусил најтоплиот јуни досега.

    Научниците од американскиот Национален центар за еколошки предвидувања кажаа дека просечната глобална температура на 3 јули била 17,01 Целзиусов степен, со што бил соборен рекордот од август 2016, кога биле измерени 16,9 степени.

    Овој понеделник бил најтоплиот ден на светско ниво откако почнаа да се прават сателитските мерења во 1979 година, но експертите сметаат дека тоа е највисоката температура измерена со широко распространетите инструменти од крајот на 19. век.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира