МОН БЛАН СЕ НАМАЛИЛ ЗА ПОВЕЌЕ ОД ДВА МЕТРА ЗА ДВЕ ГОДИНИ

    МОН БЛАН СЕ НАМАЛИЛ ЗА ПОВЕЌЕ ОД ДВА МЕТРА ЗА ДВЕ ГОДИНИПланината во јужна Франција се мери на секои две години (Фото: АФП)

    Највисоката планина во Франција, Мон Блан, се намалила во последните две години, велат истражувачите. Таа денес е висока 4.805,59 метри, што е за 2,22 метри пониско во споредба со 2021.

    Главниот геометар Жан де Гарет изјави дека намалувањето би можело да се должи на помалку дождови ова лето.

    Планината во јужна Франција се мери на секои две години, со цел да се следи влијанието на климатските промени на Алпите.

    Научивме многу за Мон Блан откако почнавме со мерењата во 2001. Врвот постојано ги менува позицијата и надморската височина, при што промените се движат и до пет метри“, вели Де Гарет.

    По мерењата во 2021, експертите заклучија дека планината во просек губи 13 сантиметри од својата височина годишно.

    Ние собираме податоци за идните генерации. Не сме тука за да ги толкуваме, тоа го оставаме на научниците“, кажа Де Гарет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира