НАУЧНИЦИТЕ ПОТВРДИЈА ДЕКА ПОЧНАЛ ВРЕМЕНСКИОТ ФЕНОМЕН ЕЛ НИЊО И БИ МОЖЕЛ ДА ДОНЕСЕ РЕКОРДНО ТОПЛА 2024

    НАУЧНИЦИТЕ ПОТВРДИЈА ДЕКА ПОЧНАЛ ВРЕМЕНСКИОТ ФЕНОМЕН ЕЛ НИЊО И БИ МОЖЕЛ ДА ДОНЕСЕ РЕКОРДНО ТОПЛА 2024Ел Нињо ќе влијае врз временските прилики во светот и би можел да донесе суша во Австралија (Фото: Гети)

    Природниот временски феномен Ел Нињо почнал да се создава во Тихиот Океан и веројатно ќе донесе уште топлина на планетата која веќе се загрева под влијание на климатските промени. Американските научници го потврдија почетокот на Ел Нињо, додавајќи дека 2024 би можела да биде најтоплата година откако се прават мерењата. Тие стравуваат дека феноменот би можел да го подигне загревањето на светот над критичните 1,5 Целзиусови степени.

    Тој исто така ќе влијае врз временските прилики во светот, па би можел да донесе суша во Австралија, уште дождови во јужниот дел на САД и слабеење на монсуните во Индија. Се очекува феноменот да трае до пролет, по што ќе почне да слабее.

    Тој во овој момент се засилува. Веќе неколку месеци се забележуваат знаци и се чини дека ќе го достигне врвот на својата јачина кон крајот на годината. Следната година дефинитивно можеме да очекуваме нов рекорд на глобалните температури. Тоа зависи од тоа колку голем ќе биде Ел Нињо. Ако биде голем на крајот на годината, има големи шанси да видиме нови рекордни температури во 2024“, изјави Адам Скејф од Британската метеоролошка служба.

    Овој природен феномен е најмоќната флуктуација во климатскиот систем секаде на Земјата. Тој има три различни фази: жешка, студена и неутрална. Жешката фаза се случува на секои две до седум години и рекордно топлите години, како што беше 2016, вообичаено се случуваат кога има моќен Ел Нињо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира