СЕМИЊА ОД МАКЕДОНИЈА ПРВПАТ СКЛАДИРАНИ ВО АРКТИЧКИОТ ТРЕЗОР НА СЕМИЊА ЗА СПАСУВАЊЕ НА ЧОВЕШТВОТО

    СЕМИЊА ОД МАКЕДОНИЈА ПРВПАТ СКЛАДИРАНИ ВО АРКТИЧКИОТ ТРЕЗОР НА СЕМИЊА ЗА СПАСУВАЊЕ НА ЧОВЕШТВОТОДлабокиот замрзнувач е дизајниран да трае засекогаш и е затворен за јавност (Фото: НордГен)

    Семиња од земјоделски култури од Македонија првпат се складирани во Светскиот трезор на семиња Свалбард, кој се наоѓа на норвешкиот остров Спитсберген, северно од Арктички Круг. Покрај македонски, оваа недела трезорот беше збогатен и со семиња од Албанија, Хрватска и Бенин. Овој трезор беше изграден во 2008 година длабоко во арктичкиот мраз и семињата што таму се чуваат треба да му послужат на човештвото во случај на катастрофа.

    По повод 15-годишнината од неговото отворање, во трезорот биле депонирани вкупно 20.000 примероци на семиња од 20 меѓународни банки на растителни гени. Со тоа, бројот на складирани примероци се зголеми на 1,2 милијарди од речиси сите држави на светот. Вкупниот капацитет на трезорот изнесува 4,5 милиони сорти на култури, односно 2,5 милијарди семиња.

    „Светскиот трезор на семиња обезбедува долгорочна сигурносна мерка во светот каде што природните катастрофи, војни, конфликти и други критични ситуации влијаат врз земјоделството и разновидноста на културите“, изјави норвешката министерка за земјоделство и храна Сандра Борх.

    Длабокиот замрзнувач е дизајниран да трае засекогаш и е затворен за јавност, поради што често е предмет на теории на заговор. Трезорот претставува споменик на 12.000 години човечко земјоделство, кој има за цел да спречи трајно губење земјоделски култури по војна, природна катастрофа или пандемија.

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира