УТРЕ СЕ ОТВОРА СОЛАРНИОТ САЕМ ВО СКОПЈЕ, ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВАТ НАД 20 КОМПАНИИ

    УТРЕ СЕ ОТВОРА СОЛАРНИОТ САЕМ ВО СКОПЈЕ, ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВАТ НАД 20 КОМПАНИИПосетителите ќе имаат можност да ги видат најновите технологии од соларниот сектор

    Над 20 компании ќе учествуваат на Соларниот саем, што ќе се одржува од утре до недела на 24 локации на приземјето на „Сити мол“ во Скопје, при што посетителите ќе имаат можност да ги видат најновите технологии од соларниот сектор.

    На саемот за обновливи извори на енергија ќе се претстават производители и трговци на фотоволтаични и термални колектори, акумулаторски батерии, топлински пумпи, громобранска заштита, системи за греење/ладење/вентилација, инвертори, соларни сушари и бојлери, воздушни колектори, електрични велосипеди и полначи…

    Официјалното отворање е утре од 12 часот, а ќе присустваат и професорот Илија Насов од Македонската соларна асоцијација и Жарко Конески, раководител на проектот „Заедно за климатска акција“. Во рамките на саемот ќе има и отворени презентации и панел дискусии.

    Саемот е финансиран во рамките на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест”, во соработка со Македонското здружение на млади правници и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира