ВЕЧЕРВА ВО МСУ ПРОМОЦИЈА НА ПУБЛИКАЦИЈА И ИЗЛОЖБА ЗА 11 КРИТИЧНИ ЕКОЛОШКИ ТОЧКИ ВО МАКЕДОНИЈА

    ВЕЧЕРВА ВО МСУ ПРОМОЦИЈА НА ПУБЛИКАЦИЈА И ИЗЛОЖБА ЗА 11 КРИТИЧНИ ЕКОЛОШКИ ТОЧКИ ВО МАКЕДОНИЈАИзложбата се состои од фотографии од 11 жешки точки лоцирани од професорот Трајче Стафилов

    Вечерва во 19 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје ќе биде промовиран настанот „Пејзаж на вознемиреност – единаесет критични жешки точки во Република Северна Македонија“, во чии рамки ќе има промоција на публикација, изложба на фотографии и презентација на проф. д-р Трајче Стафилов и Тихомир Топузовски.

    Настанот е спој на неколкумесечното истражување и истоимената изложба за Македонија како една од земјите на Западен Балкан кои претставуваат средиште на загадувањето во Европа поради застарените фабрики за јаглен, автомобилите, неисправните индустрии и енергетската сиромаштија на населението. Ова во континуитет ги загадува воздухот и водата и ги загрозува севкупниот биодиверзитет на земјата и здравјето на граѓаните.

    Публикацијата е дел од проектот „Пејзаж на вознемиреност – Култура и уметност за идното коегзистирање со еколошките кризи и климатски промени“, во која се објаснуваат и визуелизираат таканаречените жешки точки во Македонија,

    Изложбата се состои од фотографии од 11 жешки точки лоцирани од професорот Трајче Стафилов, кои се однесуваат на активни и затворени индустриски објекти кои генерираат отпад и ја загадуваат животната средина со тешки метали. Точките се рангирани по нивна опасност, а критериумите се количеството отпад што го создаваат, токсичноста, колку локацијата е блиску до населено место, концентрацијата на опасните хемикалии во отпадот и други фактори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира