МАКЕДОНСКОТО ЕКОЛОШКО ДРУШТВО ЌЕ ГИ СТИПЕНДИРА МАТУРАНТИТЕ ОД ПРЕСПА КОИ ЌЕ ЗАПИШАТ СТУДИИ ПО ЕКОЛОГИЈА, БИОЛОГИЈА, ШУМАРСКИ ИЛИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ

    МАКЕДОНСКОТО ЕКОЛОШКО ДРУШТВО ЌЕ ГИ СТИПЕНДИРА МАТУРАНТИТЕ ОД ПРЕСПА КОИ ЌЕ ЗАПИШАТ СТУДИИ ПО ЕКОЛОГИЈА, БИОЛОГИЈА, ШУМАРСКИ ИЛИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИЦелта е да го надмине локалниот недостиг од кадар во природните науки поврзани со заштитата на животната средина (Фото: СДК.МК)

    Македонското еколошко друштво (МЕД) објави дека ќе доделува стипендии до 400 евра месечно за матурантите од Преспа кои ќе запишат универзитетски студии по екологија, биологија, шумарски или земјоделски науки. Програмата има за цел да го надмине локалниот недостиг од кадар во природните науки поврзани со заштитата на природата и животната средина.

    Покрај финансиската поддршка, МЕД исто така ќе ги вклучи избраните студенти во својата менторска програма, преку која ќе стекнат практично и теренско искуство во истражувањето и заштитата на видовите и живеалиштата во Преспа.

    Повеќе информации за програмата за стипендирање заинтересираните средношколци и нивните родители можат да добијат во локалната канцеларија на МЕД во Ресен или преку електронските пошти [email protected] и [email protected]. Кандидатите треба да го пополнат приложениот образец и да го испратат на посочените е-адреси или да го достават во канцеларијата на МЕД во Ресен.

    Оваа програма се реализира во рамките на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа – Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, финансиран од Европската Унија во рамките на програмата „ЕУ за Преспа“ и кофинансиран преку Фондот за природа „Преспа – Охрид“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира