Во спортскиот центар „Идризово“ во скопската Општина Гази Баба засадени се 150 садници донирани од „Пивара Скопје“.
„Со оваа иницијатива демонстриравме што значи вистинска посветеност. Како татко на две деца верувам дека не е доволно само да зборуваме за подобри услови, туку дека мора и да ги создаваме. Токму тоа и го направивме овде, за иднината на нашите деца. Ова не е само еднократна акција, туку пример за посветено партнерство и доказ дека заедно можеме многу повеќе“, изјави генералниот директор на „Пивара Скопје“, Огњен Лазиќ.
Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски рече дека ваквите иницијативи се пример како јавниот и приватниот сектор можат да работат заедно за иднината на општината и да придонесат за подобар квалитет на живот и развој на здрави навики кај младите генерации.
*Комерцијална објава



