ЗАГРОЗЕН ВИД ЦРН МРШОЈАДЕЦ ПО 12 ГОДИНИ ДОЈДЕ НА ХРАНИЛИШТЕТО ВИТАЧЕВО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАГРОЗЕН ВИД ЦРН МРШОЈАДЕЦ ПО 12 ГОДИНИ ДОЈДЕ НА ХРАНИЛИШТЕТО ВИТАЧЕВО

    Откако црните мршојадци, кои се ретки птици и загрозен вид, дефинитивно исчезнаа од Македонија во 2005, сега на хранилиштето за мршојадци на висорaмнината Витачево кај Кавадарци повторно е регистрирана ваква птица.

    „На Балканот остана само една мала популација во североисточна Грција, од каде што претпоставувам е дојдена младава птица“, вели Емануел Лисичанец од Друштвото за заштита на природата Аквила од Кавадарци (Фото: СДК.МК)

    „На Балканот остана само една мала популација во североисточна Грција, од каде што претпоставувам е дојдена младава птица“, вели Емануел Лисичанец од Друштвото за заштита на природата Аквила од Кавадарци (Фото: СДК.МК)

    „Деновиве, после секоја прихрана се појавува млад црн мршојадец, во првата година од животот. Задоволството е посебно, бидејќи последниот примерок од овие птици од македонското тло исчезна пред 12 години, оттогаш повторно беше виден само еден примерок во 2015 и еве сега. На Балканот остана само една мала популација во североисточна Грција, од каде што претпоставувам е дојдена младава птица“, ни рече Емануел Лисичанец, од Друштвото за заштита на природата Аквила од Кавадарци.

    Татко му Томе Лисичанец, иако има 81 година, и  во услови на екстремно ниски температури и длабок снег не запира со прихранувањето на мршојадците. Резултатите од тој ентузијазам се видливи на фотографииве. Речиси четири децении тој редовно им носи храна на мршојадците, за кои вели дека како птици се корисни во синџирот на исхраната во природата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира