200 КЛУПИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:113:"ДодекаЉубчокрадел,Груевскиводелсметкадаимаизанародот

    1 Зошто се скарале Бранко и Бучко кој ќе зборува на поменот од годишнината на смртта на Борис Трајковски?
    Штета што државниот обвинител Александар Прчевски е независен, па не можат да му шепнат тој да одржи говор. Да излезе на гробот па да ни каже во која држава не се покренува истрага ако загине претседател, дури и во најбанална несреќа.

    2 Го молам градоначалникот Ристо Пенов да ми купи кола. Гледајќи го документарецот со кој се кандидира за трет мандат сфатив дека откако тој е градоначалник, бројот на нови возила во Скопје се дуплирал. А јас морав сам да си ја купувам.
    Филмот почнува со црнобели снимки од 1995 година . Тогаш на власт беше Бранко и СДСМ. Тотален мрак. Идната година доаѓа Ристо со ВМРОДПМНЕ и почнува изградбата. Филмот преминува во боја. Пенов ни ја бојосува стварноста.
    Тој не го зголемил само бројот на колите. Откако тој е градоначалник се отвориле приватни весници, приватни телевизии, големи супермаркети, лускузни хотели… Пенов тоа сме сите ние. Сосе канделабрите и часовниците на Скопска пивара и спомениците на Трифун Костовски. И со 200те поставени клупи. Драгољуб Ставрев и Благој Попов се превртуваат во гроб кога гледаат што сî Пенов направил, а тие го градеа Скопје по земјотресот.
    Замислете, за 10 години, поставени се 200 клупи. Секоја година по 10. Или, секои три недели по една клупа. Дај да го избереме Пенов. Следните 10 години ќе имаме 400 клупи.
    Во документарецот за мракот и светлината недостига само уште еден податок. Што имаше Пенов пред десет години, а што има сега?

    3 Бучко рече: “Ќе направиме сe за да победи Пенов!” Нема причина да не му веруваме. Тие од една Евровизија заедно со државната МТВ за обична забава направија циркус, а не пак за да им победи нивниот кандидат на локални избори.
    Впрочем, Бучко има искуство со телефонско гласање од предреферендумската емисија на А1. Тој е сериозен човек. Премиер. А кога премиер ќе изјави дека ќе направи сî за да победи неговиот кандидат, тие што се против Пенов нека си седат дома. Џабе им е гласање. Ако изберат поинаку, ќе им наместат жири. Или, како што би рекла водителката на македонскиот Евросонг: “Но тоа не е сî, почитувана публико!” Вие не знаете што уште можеме да смислиме. Втор круг како поправен испит, ако згрешите во гласањето. После ако треба и експерти од страна ќе ангажираме, за да докажеме дека изборот што сме ви го направиле не е плагијат.

    4 Среќа што политичарите си го имаат обвинителот Александар Прчевски како таков, па не се грижат кога и самите ќе признаат дека краделе. Љубчо Георгиевски се фали оти луѓето зборувале: “ВМРО крадеше, ама имаше и за народот”.
    Што би рекол Никола Груевски на оваа изјава? Кој тоа од неговата партија крадел, а тој не знаел? Нели му беше министер за финансии на Љубчо кога тој крадел, ама имало и за народот? Дали под надлежност на министерот за финансии беа Царината на Даравелски и Стоковите резерви на Ванчо Пеловски? Или Груевски не знаел што прават, оти имал друга работа. Внимавал да има и за народот.

    5 Некојаси компанија со ограничена одговорност од Велс што се вика “Глендор естејтс лимитид” има моќ да ја уценува државата со изградбата на Слободната зона во Бунарџик. Или ќе го смените законот и ќе ни ја продадете земјата за 3,5 евра квадрат, или ништо од Зоната.
    На што тендер се пријавиле Велшаните? Да градат зона на изнајмено земјиште, или да купуваат земјиште? Еве, ние како “Огледало Горан и други лимитид” ќе присобереме некој денар па ќе ја купиме земјата за 4 евра по квадрат. Што, ние не сме ви сериозен партнер!?
    Е па еве колку ви се сериозни партнерите од Глендор естејтс ЛТД. Не знаеле на што тендер се пријавуваат, а ќе произведувале авионски делови во Македонија.
    ВМРО крадел, а имало и за народот. А СДСМ не краде. Привлекува ветени странски инвестиции.
    Само ме интересира кому му е ветено земјиштето кај Бунарџик. И за колку пари после ќе се препродава квадратот.

    6 Бранко реши да му помогне на Бучко за да ги направи реформите во судството и да се бори против корупцијата.
    Колку години Бранко беше премиер? Пред колку години вети дека ќе се бори против октоподот? И колку години имаше за да ја направи реформата во судството?
    Што решил Бранко до сега, па сега ќе го решава и судството?

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира