АГИМ ИНСТИТУЦИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:82:"Аконесакашдаподмачкаш,самќесисемачкаш

    1 Претседателката на Основниот суд Добрила Кацарска по укинувањето на потерницата за Агим Красниќи се сликаше на телевизија и гордо изјави: “Докажавме дека судот е независен.” На прашањето дали имало политички договор за случајот, таа рече: “Не сум јас таа која треба да ја прашате”.
    Значи – имало.
    Инаку, зошто Бранко би бил навреден, па на Владата и порача дека за решавање на случајот Кондово не било така договорено. Како било договорено? Владата да го уапси Красниќи, а после Бранко да го амнестира.
    Бучко е расипувач на забавите на Бранко. Ако некој не е осуден, не може ни да се амнестира. На Бранко дури и таа работа му ја зедоа.
    Во јуни, кога Агим Красниќи се фалеше дека натепал четири полицајци со изјавата дека “не биле малтретирани колку што требаше во такви ситуации”, тој изјавуваше дека нема доверба ниту во полицијата, ниту во судството, ниту во Али Ахмети.
    Сега МВР вели дека воопшто не го гони за тепање полицајци. По изјавата на Кацарска, Красниќи стекна доверба и во судството и во полицијата. А по соопштението на Бранко дека немало договор Красниќи да не се гони, тој му верува и на Ахмети. Што има Бранко да споменува разни договори и седници на Советот за безбедност ако судството е независно.
    Откако стекна доверба во институциите на државата и самиот Красниќи може да стане институција. Ама не министер во реконструирана влада. Агим е зрел за потпретседател во реконструирана држава.

    2 Со Красниќи, државата го симна Кондово од дневен ред. Од вчера го имаме Челопек.
    Стално ќе си имаме некое ново Кондово.

    3 Младоженец од Батинци среќен што се жени пукал од пиштол и си ја уби едногодишната внука. Веселиот младоженец ја остави невестата. Избега за да не го фати полиција. Божем полицајата ќе се стрчаше да го фати.
    Пукањето во селата со албанско население беше одобрено и од ОБСЕ. По локалните избори набљудувачите велеа дека тоа било дел од традицијата на месното население. Што не побрзаа оваа традиција да ја заштитат и во УНЕСКО. Како вредно културно наследство. Нека побрзаат, оти ќе отепаат уште многу сватови, а традицијата нема да им биде меѓународно верифицирана.
    Како традиционално се станува зет? Облекуваш кошула, облекуваш костум, врзуваш вратоврска, ставаш украсни копчиња на манжетните и земаш пиштол. И, пукаш. Убиеш едно дете – ете ти веселба. Убиеш две – општонародна веселба.
    Имаше една многу лоша клетва што ја запаметив од босанската војна. Кога тригодишно девојче загина од снајперист додека била во прегратките на таткото, очајниот родител им порачал на убијците: “Ќе ве стигне нејзината солза!”

    4 На Илинка и дојде големиот брат. Толку беше возбудена што го пречека кинескиот министер за надворешни работи, па направи утка со облеката. Облече кошула со кинеска јака. Ама кошулата беше бела. А белата боја, во Кина е боја на жалост.
    Толку беше среќна што да немаше дипломатски манири ќе запееше на новиот црвен тепих со жолти рабови. “Твоите бакнежи на мојте бели кошули”. Илинка во Пекинг ја викале “хероина”, оти ги раскинала односите со Тајван и и се врати на комунистичка Кина. Па песната, согласно на двегодишната пауза во љубовта на двете неразделни срца ќе се развива вака: “Две години разделени и осамени”. Па после Бранко, со ставот за постоење на само една Кина влегува во дует и терцира: “Зар може некој да те замени?”

    5 И министерот за здравство Владо Димов вчера со заменикот министер за здравство на НР Кина се договорил Македонија да ги користи кинеските искуства на традиционалната медицина.
    Ја среди реформата во здравството. Нема лекови затоа што не треба да ги има. Ќе собираме тревки и ќе си правиме кремчиња.
    По традиционалните искуства од Кина преточени во секојдневната практика во македонските болници, министерот Димов ќе излезе со слоган за кампањата за реформите во здравството: ” Ако не сакаш да подмачкаш, сам ќе си се мачкаш”.

    6 Крстот на Водно не свети по еден часот по полноќ. Зошто да свети навечер? Ионака е темница.
    И после ни се виновни Србите, Грците, Бартоломеј, Алексеј, Албанците, ЕУ, САД, Папата, Кариќ телевизија…
    Во ЕСМ велат дека штедат струја.
    Ако е за инает на Љубчо, овие од СДСМ може крстот и да го урнат. Како што може да го пресушат и Дојранското езеро. Ама, ако крстот му смета на Али Ахмети, тогаш штедењето е оправдано. ЕСМ штеди на крстот, за да има бесплатна струја во Кондово.

    7 Разузнавач од Арачиново бил фатен со дрога во Скопје.
    Пред неколку месеци, полициски инспектор од Тетово бил фатен како рента проститутки.
    Има ли во прашалникот на ЕУ некое прашање за праведната застапеност на разните етнички заедници во полицијата? Ако има, што им одговориле нашиве?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира