БАЛКАНСКИ КУВАЈТ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:79:"Се­ко­јавластсино­сисво­јаис­то­ри­ја

    1. Ци­ле пов­тор­но ни при­ре­ду­ва из­не­на­ду­ва­ња. Се­га ќе гра­ди ра­фи­не­ри­ја. Ра­зо­ча­ра­нос­та ме­ѓу гра­ѓан­ки­те и гра­ѓа­ни­те е го­ле­ма. Си­те оче­ку­ваа ма­ке­дон­ски пи­ли­ња, а се­га ќе до­би­јат наф­та. На­мес­то да ја­де­ме ко­па­ни, ќе пи­е­ме наф­та.
    За вре­ме на пре­диз­бор­на­та кам­па­ња се от­во­ри де­ба­та на те­ма: “Ми­ли­јар­да­та на Ци­ле”. Се­га ќе се от­во­ри рас­пра­ва на те­ма: “Наф­та­та на Ци­ле”. Што ќе ни е уш­те ед­на ра­фи­не­ри­ја, зош­то оваа што ја има­ме не е рен­та­бил­на, кол­ку ќе чи­ни, ка­де ќе се про­да­ва наф­та­та, на ко­ја ло­ка­ци­ја ќе се гра­ди, кол­ку­ми­на ќе се вра­бо­тат, да­ли во ста­ра­та ра­фи­не­ри­ја ќе се от­во­рат ко­ко­шар­ни­ци…
    Со тол­ку ра­фи­не­рии и тол­ку наф­та, Ма­ке­до­ни­ја ќе би­де Ку­вајт на Бал­ка­нот. Би­деј­ќи Сло­бо­дан Ми­ло­ше­виќ са­ка да го ими­ти­ра Са­дам, да не ни се слу­чи Ср­би­ја ка­ко Ирак.
    Не­ма пот­ре­ба од во­де­ње ис­цр­пу­вач­ки дис­ку­сии. И не вре­ди да се ло­ви Ци­ле по ае­род­ро­ми за да да­ва из­ја­ви. Зош­то пре­ми­е­рот Ге­ор­ги­ев­ски, спе­ци­јал­но за оваа при­года не ѝ ја ­нај­ми на на­ро­дот сво­ја­та со­вет­нич­ка Ми­на? Што ќе ни се еко­но­мис­ти, пла­не­ри и раз­ни ек­спер­ти ко­га са­мо гле­дач­ка­та Ми­на мо­же да ни ка­же да­ли ра­фи­не­ри­ја­та на Ци­ле мо­же да би­де рен­та­бил­на.

    2. Ко­га сме ве­ќе кај Ми­на, со­се­ма без пот­ре­ба се диг­на тол­ка­ва вре­ва око­лу неј­зи­но­то пос­та­ву­ва­ње за со­вет­ник на пре­ми­е­рот. Љуб­чо би тре­ба­ло да пов­ле­че уш­те под­ра­ма­ти­чен по­тег. Ми­на не зас­лу­жи­ла да би­де со­вет­нич­ка. Ми­на тре­ба да би­де пор­тпа­рол на Вла­да­та. Та­ка ќе би­де­ме единс­тве­ни во све­тот. Обич­но пор­тпа­ро­ли­те го ка­жу­ва­ат тоа што се слу­чи­ло. А Ми­на на­мес­то тоа што би­ло, ќе ни ка­жу­ва што ќе се слу­чи во ид­ни­на.

    3. Ако Љуб­чо има ши­ро­ко ср­це, си­гур­но не­ма да има ниш­то про­тив да му ја по­зај­ми со­вет­нич­ка­та на прет­се­да­те­лот на Соб­ра­ни­е­то Са­во Кли­мов­ски. Не да го по­со­ве­ту­ва око­лу дво­ја­зич­нос­та, оти и без Ми­на се знае де­ка тоа ни е ид­ни­на­та. Мо­же­би му тре­ба со­вет­нич­ка да му ка­жу­ва ко­га е прет­се­да­тел во Соб­ра­ние, а ко­га е про­фе­сор на Прав­ни­от фа­кул­тет. Мно­гу са­ка да др­жи пре­да­ва­ња. За­тоа и ко­га при­ма раз­ни де­ле­га­ции, или ко­га да­ва из­ја­ви за јав­нос­та се од­не­су­ва ка­ко про­фе­сор. Со­вет­нич­ка­та му тре­ба да го на­со­чи. Да не му се слу­чи ко­га ќе оти­де на фа­кул­тет, пред да му поч­на ча­сот, да ут­вр­ду­ва дне­вен ред и да ги брои сту­ден­ти­те да ви­ди да­ли има кво­рум.
    Ми­на би мо­же­ла да ни ка­же и да­ли ќе се ос­тва­ри иде­ја­та на Кли­мов­ски, прет­се­да­те­лот на др­жа­ва­та да се пре­се­ли на скоп­ско­то Ка­ле. Ако Са­во ус­пее да го и­се­ли прет­се­да­те­лот што по­да­ле­ку од не­го, то­гаш не­ма да се чу­ди­ме зош­то ко­му­ни­ци­ра­ат со пис­ма, ко­га вра­ти­те им се ед­на до дру­га. Со­вет­нич­ка­та Ми­на би мо­же­ла да му ја от­крие и ло­ка­ци­ја­та на ид­на­та прет­се­да­тел­ска ре­зи­ден­ци­ја. Кли­мов­ски има иде­ја ре­зи­ден­ци­ја­та на прет­се­да­те­лот да би­де во Му­зе­јот на сов­ре­ме­на умет­ност. На­у­мил прет­се­да­те­ли­те да ги се­ли во му­зеј. Белки не мис­ли си­те прет­се­да­те­ли да ни би­дат му­зеј­ски ек­спо­на­ти.

    4. Иде­ја­та за Му­зе­јот ка­ко ре­зи­ден­ци­ја е од­лич­на. Згра­да­та е го­ле­ма, па мо­же да при­ми по­го­лем број вра­бо­те­ни во ка­би­не­тот. Ка­ко што на­у­мил ми­нис­те­рот за прав­да Кам­бов­ски да но­си за­ко­ни со кои ќе го нер­ви­ра прет­се­да­те­лот, око­лу не­го ќе тре­ба да има мно­гу ек­спер­ти. Ос­вен тоа, уба­во е што Му­зе­јот се на­о­ѓа над гра­дот. Та­ка, прет­се­да­те­лот не­ма да мо­ра да со­би­ра по­да­то­ци од раз­ни стра­ни. Сé са­ми­от ќе си гле­да.
    Ло­шо е што ќе се уки­не до­пис­на­та шко­ла ме­ѓу прет­се­да­те­лот и Вла­да­та. На­ро­дот ќе ос­та­не без ед­на раз­о­но­да. А ќе се уки­не и ед­на уба­ва тра­ди­ци­ја уш­те од вре­ме­то на Ти­то. Од пис­мо­то на Ти­то, досе­га ни­ ед­но дру­го пис­мо не би­ло тол­ку ци­ти­ра­но во ме­ди­у­ми­те ка­ко пис­ма­та на Ки­ро.

    5. Не е ло­шо, се­га ко­га по­ве­ќе др­жа­ви са­ка­ат да ни гра­дат ста­но­ви, да им под­мет­не­ме да ни из­гра­дат и ед­на прет­се­да­тел­ска ре­зи­ден­ци­ја.
    Мно­гу е ин­те­рес­но тоа што ста­но­ви­те са­ка­ат да ни ги гра­дат Авс­тра­ли­ја и Ка­на­да. Та­му има­ме многуброј­но исе­ле­ниш­тво. Да не се ис­пла­ши­ле слу­чај­но де­ка и на­та­му ќе се исе­лу­ва­ме кај нив, па за­тоа ни гра­дат ста­но­ви за да ос­та­не­ме ту­ка. Ба­ди­ја­ла Ци­ле се ма­чи да до­не­се стран­ски ин­вес­ти­ции. Са­мо не­ка се за­ка­ни де­ка си­те ќе им оди­ме та­му, не ста­но­ви, не ра­фи­не­ри­ја, кој­знае уш­те што ќе ни из­гра­дат.
    Проб­ле­мот е во тоа што то­гаш и Ми­нис­терс­тво­то за исе­ле­ниш­тво ќе прес­та­не да пос­тои. Мар­тин Тре­нев­ски ќе за­ми­не во ис­то­ри­ја­та. Или ќе би­де ре­де­фи­ни­ран. Заш­то, кај нас и ис­то­ри­ја­та не е си­гур­на ра­бо­та. По че­ти­ри го­ди­ни, кој­знае што ќе би­де ис­то­ри­ски факт. Се­ко­ја власт си но­си сво­ја ис­то­ри­ја.

    6. Во Ку­ма­но­во уве­зу­ва­ле Ро­ман­ки за пот­ре­би­те на НАТО. Ту­ка ко­а­ли­ци­ја­та фун­кци­о­ни­ра бес­пре­кор­но. Мак­ро­ите би­ле Ал­бан­ци, па за да не се ис­ко­рис­ту­ва­ат Ма­ке­дон­ки­те, на­ба­ви­ле Ро­ман­ки.
    Ку­ма­нов­ки­те не­ка не се фрус­три­ра­ат. Не се ра­бо­ти за ква­ли­тет на ус­лу­ги­те, ту­ку за по­ли­тич­ки до­го­вор.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари