БИДИ ВОЛ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:62:"ИрачанитеќевлегуваатвоКондово

    1 На говедата Европската комисија не им бара да пополнуваат прашалници. Македонските говеда добија пасош. Отсега ќе можат да патуваат во земјите на ЕУ без виза.
    Носителите на македонски пасоши мораат да чекаат за виза. И покрај јасно изразената европска ориентација Македонците имаат ограничена слобода во движењето и немаат можност за размена на идеи.
    Говедата никој не ги праша за нивната европска ориентација. Ама ќе добијат пасоши по европски стандарди. Ќе имаат поголема слобода на движење и можност за размена на идеи. За разлика од нас кои треба да задоволиме дополнителни критериуми за да ни ги укинат визите, говедата ќе одат директно во Европа.
    Во Македонија не треба само да сакаш да бидеш дел од Европа. Треба да бидеш вол.

    2 Европската унија ја дополни црната листа со уште две имиња на граѓани од Македонија. Едниот е телохранител на Ахмети, а другиот е пратеник.
    Портпаролот на СДСМ Борис Кондарко рече дека “со оваа листа Европа си ги заштитува своите граѓани”.
    Кај нас тие што се на црните листи на САД и ЕУ, се во власта. Европа од нив си ги штити своите граѓани, а ние си ги ставаме во власт за да не заштитат од Европа.
    Луѓе од црната листа имаме во власта. Власта има дипломатски пасоши. Со дипломатските пасоши можат да патуваат без визи за ЕУ.
    За разлика од оние што се на црна листа, обичните граѓани не можат да патуваат во ЕУ. Затоа што немаат дипломатски пасоши, не се говеда и мораат да висат како мајмуни во редовите пред амбасадите.
    Ако веќе ЕУ сака да си ги заштити своите граѓани тогаш нека воведе нови мерки. Луѓето и воловите да ги пушта без визи, а на власта да им бара визи. Оти тие од власта се на црна листа, ние не сме.

    3 Рада и Илинка се многу ангажирани околу претстојното предавање на одговорите на прашалникот во ЕУ. Во исто време имаат и друга работа. Тие се заменици на изборниот штаб на СДСМ за локалните избори.
    Сабајле се занимаваат со европски прашања, а попладне решаваат локални проблеми.
    Само да не се збунат од премореност. Па Кондово да го внесат во ЕУ, а Македонија да ја остават на локално ниво.

    4 Некој холандски институт правел истражување кој колку е среќен и откриле дека Македонците се најнесреќни од земјите на бивша Југославила. Ај што сме понереќни од Словенците и Хрватите може да сфатам, ама зошто би биле понесреќни од Србите, па и од Босанците? За секој случај. Штом е Македонец, мора да е Македонче. Штом е Македонче, мора да е несреќно.
    Холанѓаните сигурно не правеле анкета по рамковен договор. За нив во Македонија сите се Македонци. И во истражувањето им се појавиле вечно напатени Македонци плус вечно угнетени Албанци. Ете ти дефиниција за несреќна комбинација.

    5 Ирачаните ќе доаѓаат на тренинг во Македонија. Ќе сме ги обучувале специјалните ирачки сили за борба против тероризам.
    Нашиве гаќите не знаат да си ги облечат, а ќе ги обучуваат специјалците на Ирак. Што ќе им прават? Ќе тренираат влегување во Кондово?

    6 На молитвениот појадок во Вашингтон има и претставник на Владата. Тоа е министерот за здравство Владо Димов.
    Што бара министер за здравство на појадок кај Буш. Откако реши се, на Димов му остана уште да се моли за македонското здравство. Ионака во Македонија пациентите му се препуштени на Господ.

    7 Чешкото државна електро компанија сака да го купи нашето ЕСМ.
    ЕСМ се продава затоа што велат дека државата е лош газда.
    Ако државата е лош газда, зошто тогаш Чешката држава би била добар газда?
    Наравоучение: Не го менувајте креветот. Сменете ја курвата.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира