БРЗА ХРАНА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:101:"Требадасежртвувамесамите,илиќенéжртвуваВладата?

    1. Новиот бран во македонската кинематографија ќе биде снимањето филмови во судница. Исто, како американските филмови, кога будно следиме што ќе каже одбраната, што обвинителот и како ќе се однесува судијата, при тоа не одлепувајќи се од телевизорот да не пропуштиме нешто клучно.
    И кај нас деновиве не се одлепуваме од телевизорот кога ги следиме нашите автентични судења. Не знаеш во кој момент ќе се случи нешто непредвидено. На пример, кога лилјакот што лета во судницата ќе ѝ се заплетка во косата на судијката.
    Тие судења што ги гледаме по американските филмови се само капиталистичко труење на нашите невини души. Зарем не гледате дека кај нив и судниците се некако мрачни, со тежок намештај, судијата е облечен во црно, публиката е далеку зад обвинетиот… Сé е направено за да ти внесе страв и почитување кон судот. Кај нас судењето има една многу похумана димензија. Судењето ти доаѓа како на мајтап. Затоа и филмовите што ќе се снимаат на оваа тема ќе бидат сместени во жанрот – комедија.
    Видете го судењето на Руфи Османи. Обвинетиот, обвинителот, бранителите, заедно со цела публика седат на некои столчиња, присобрани од ваму – од таму, како да му дошле на гости некому в бавча, па овој позајмувал столчиња од соседите, судијката се надвикува со адвокатот, како да се расправаат преку плот, над нивните глави летаат лилјаци, камерата не забележува што животинчиња им се шетаат по подот, а дактилографката на машина за пишување, веројатно останата уште од времето на судските процеси против Информбирото им вели: “Пополека малку”.  И цела јавност гледа како обвинетиот ги “работи” како бавча.
    Одвај го чекам судењето на драчевчанката Сребра, што на Мечкин камен го испрскала претседателот Глигоров со “течност”. Да го заокружиме циклусот филмски стории за судовите во Македонија. Ќе биде интересно вештачењето на составот на течноста со која Сребра правела гаргара и случајно го испрскала претседателот кога минувал крај неа.  Може адвокатите ќе побараат од судијата и тој да проба од течноста, за да даде свој суд за неа. Може и обвинителот ќе треба да проба, за да го зајакне обвинението. Не е лошо дури и на обвинетата да ѝ дадат малку од течноста, да направи реконструкција на настанот и тоа да изгледа што поверно. Не мора столчињата за публиката  да бидат поставени како в бавча. Нека ги постават како в кафеана. Баш ќе биде весело. И поучно. Ни треба само уште тоа судење за да си ја докомплетираме сликата за нашето судство.

    2. Пред некој ден портпаролката на СДСМ Радмила Шеќеринска даваше изјава за “Вечер” во која најави некакви “освежувања во раководството на партијата”. Кога беше прашана што ќе се случи со градоначалникот на Битола Силјан Мицевски таа рече дека “натамошните потези во врска со неговото присуство во партијата ќе зависат од одлуките и мерките што ќе ги преземе независното судство”.
    Зошто младата Шеќеринска има потреба да го потенцира тоа “независно”. Зарем не може да се рече едноставно – “судство”. Или, за Силјан Мицевски е задолжено независното судство, а за други граѓани некое друго, веројатно зависно судство.

    3. Во празничната изјава за 8 септември, Претседателот на државата Киро Глигоров од македонските граѓани побара жртви. За разлика од него, премиерот Бранко Црвенковски ни рече дека ќе биде убаво. Сега не знаеме што да правиме. Треба сами да се жртвуваме, или ќе нé жртвува Владата.

    4. Дека ни е убаво, потврдува тоа што во Скопје, пред празникот се отвори првиот Мек Доналдс ресторан во државата. Меѓутоа и тоа бара жртви. Ете, сега тие што чекаа автобус пред поранешен “Рекорд”, ќе мора да попешачат уште стотина-двесте метри повеќе каде што е преместена автобуската постојка. “Мек Доналдс” го врти светот, а камоли да ги преместува автобуските постојки во Скопје.
    Предлагам компанијата “СЈ”, што некако ми асоцира на  Свето Јаневски од “Пивара” да организира расправа на тема: “Улогата на брзата храна во жртвувањето на македонскиот граѓанин”. Во расправата ќе учествуваат сите присутни на отварањето на ресторанот на чело со претседателот на државата. Кога ги видов на телевизија, бев едноставно одушевен. Зарем да остане незабележана изјавата на ректорката на скопскиот универзитет Радмила Кипријанова за поврзаноста на брзата храна со брзиот живот. Или еуфоричноста на Љубчо Георгиевски дека “Мек Доналдс” му е близу до партиското седиште, па може додека проветрува, набрзина да јаде хамбургери, наместо да патува до Бугарија за големите бугарски кебапи. На Стојан Андов таква храна апсолутно му одговара. Тоа ти е либерална демократија – сакаш хамбургер во “Мек Доналдс”, сакаш десетка со кромид кај “Дестан”. Како не се сети и министерот за правда Ѓорѓи Спасов да нарача хамбургери за гладните новинари во гостиварскиот суд, на кои претседателот на судот десет часа  не им давал да излегуваат надвор за да испратат извештаи.
    Така ти е тоа. Ќе се жртвуваш па нема да имаш пари, да тркнеш барем до Солун да видиш што е тоа што го има на секој агол во другите земји. И да имаш пари, ќе се жртвуваш пред вратите на амбасадите на земјите што имаат брза храна и ќе чекаш виза, па пак нема да видиш што е тоа што го има секаде, а кај нас го нема. Тогаш, нормално е што и отварањето на првиот “Мек Доналдс” претставува настан без преседан, еден вид револуција во исхраната на македонскиот граѓанин, место каде што можат да се изведат децата, случка за паметење меѓу скопјани за која вредело да се стане уште рано в зори.. . Зарем тоа не е тажно.

    5. Не знам зошто народот се буни против скратеното породилно отсуство. завчера премиерот беше во посета на новата фабрика за бебешка храна на “Агроплод” во Ресен. Со таа храна бебињата ќе растат побрзо и мајките ќе можат побрзо да доаѓаат на работа.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари