БУЈРУМ ЕФЕНДИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:67:"ХанџискивеќенесеправиАнгличанец

    1. Слетувањето на претседателскиот авион во Истанбул, не мора да се посматра само од аспект на лошите ветрови што ја зафатија Македонија. Зошто на работите да не се гледа од поведрата страна? На пример, Истанбул и без лошото време во Скопје можеше да биде завршница на успешната мисија на Исток. По Абу Даби, Куала Лумпур и Дубаи, има ли пологично место источно од Македонија каде што би можеле да се привршат започнатите активности за освојување на трети пазари. На пример, да се докупи тоа што не успеало да се купи.
    Екипажот на авионот сигурно размислувал и на алтерантивни решенија. Охрид го исфрлиле уште на почетокот, зашто ако дува во Скопје, сигурно дува и во Охрид, а и гардистите го чекаа Глигоров на платформата на скопскиот аеродром, а резервни гардисти за пречек во Охрид нема. Софија не доаѓа предвид, ем не нé сакаат, ем нема ништо да се купи. Солун не се препорачува од друга причина. По првото стапнување на македонски претседател на грчка почва, пред десетина дена на островот Крит, Грците го искомплицираа визниот режим. Ако сега, за толку кусо време, Глигоров по втор пат им влезеше, башка уште  и во Солун, пак ќе ни ја затвореа границата. Затоа, Истанбул си е Истанбул. Ем Турците ни се вековни пријатели, ем секогаш биле добри домаќини, ем има што да се испазари, ем има и кој да го пречека претседателот, ем ќе ги разбере кога ќе му речат “Бујрум ефенди”, без да се плаши дека ќе му забележат дека нашиот јазик е само дијалект на турскиот, штом не му треба преведувач.  Единствена маана е што тие таму немаат комити како почесна гарда, туку аскер.
    Според една варијанта, постоела можност авионот пак да слета во Абу Даби, како на одењето за Малезија. Арно ама, домаќините биле навредени од составот на македонската делегација. Нели, таму претседателот беше примен од министерот за поморство и пристаништа. За малку ќе се случел дипломатски скандал, зошто меѓу четириесеттемина членови на македонската делегација не се нашло место и за шефот на охридската капетанија и пристаништата. Нивниот министер немал партнер за разговор, па морал место со капетанот на македонската “езерница” да разговара со македонскиот претседател.

    2. Такви промашувања со протоколот не може да се направат, на пример во една Германија. Еве, таму престојува делегација на ВМРО-ДПМНЕ. Германците многу внимаваат и делегацијата ја примила министерката за семејство, стари лица, жени и младина. Токму како што треба – во македонската делегација се Никола Кљусев и Љубчо Георгиевски. Германската министерка не го “покрила” само ресорот за жени. Можеле во составот на делегацијата да ја земат и Доста Димовска.

    3. Воопшто не треба да нé чуди тоа што министерот за надворешни работи Благој Ханџиски наместо во Истанбул слета во Ханој за да присуствува на Самитот на франкофонските земји. До сега се обидуваше некако да нé смести во НАТО, или Европската Унија. Никаде не нé сакаат, па белким ќе не примат меѓу франкофоните.
    Секогаш, кога министерот ќе се вратеше од некоја европска престолнина или од Вашингтон, нé уверуваше дека прашање е на ден – два кога и ние ќе влеземе во евроатлантските структури. Ако некој сепак се посомневаше во тоа што го зборува министерот и го потпрашаше за дополнителни објаснувања, тој се правеше Англичанец. Сега, кога ќе се врати од Виетнам, ќе сврти друг лист. Ќе се прави Французин.

    4. Инаку, Европската унија очигледно нема намера да нé прими цели, туку на парчиња, или ако може – на катови. Слично, како што во едно прилепско училиште го решиле проблемот на една тепачка меѓу учениците, Албанците да учат на еден кат, Македонците на друг, така и Европската комисија ќе ни ги решава меѓуетничките тензии.
    Во Европа ја канат македонската влада да размислиме како може програмата ФАРЕ “поспецифично да придонесе за подобрување на меѓуетничките односи, особено во однос на албанското малцинство”. За да биде појасно, тие ја подвлекуваат важноста за вклучување во програмата на мали и средни претпријатија кои се наоѓаат во “албанскиот” регион. Друга можна акција би била дел од фондот за градска обнова да биде издвоен за “проекти за општини во кои доминира албанското малцинство или во кое има големо присуство на албанско малцинство”.
    Преведено на наш јазик, тоа значи: “Може да добиете пари за Тетово и Гостивар, а во Мариово пуштајте чешми”. Европа се грижи за Албанците. Македонците во нивните извештаи се – наводници.

    5. Пред неколку дена пладневниот дневник на Македонското радио започна со веста за успехот на ученикот Александар Донев од Велес, кој освоил прва награда на некој меѓународен натпревар за физика.
    Нов Зеланд ќе добие уште еден одличен кадар од Македонија.

    6. За празникот на Скопје, новиот булевар Водњанска ги доби и “старовремските” канделабри, што му даваат лик на репрезентативна улица.
    Кога на 11 октомври, новиот булевар беше пуштен за сообраќај, претседателот Глигоров беше надвор од државата да испроба како се вози по него од работа до дома и тогаш напишав дека тој не сака да оди по патот што му го пробила опозицијата. Дали случајно, кога светнаа новите канделабри, Глигоров пак беше надвор од државата. Можеби не сака да оди по патот што му го осветлува опозицијата.
    Зошто баш на Ристо Пенов од ЛДП му се погоди да ја  направи улицата што води од центарот кон Водно? Тоа може да биде сериозна причина за раздор меѓу премиерот и претседателот. Ќе се налути Бранко. Ќе му рече на претседателот: “Наместо по нашиот, ти одиш по нивниот пат.”

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари