ЕКСКЛУЗИВНО – ПОЗДРАВ ОД ЛОНДОНИСТАН

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:230:"Аконанашатадржаваитребаоправданиезадаудрипообичникриминалци,штолиќеправиакотребадасеборипротивтерористи?

    1 Секогаш кога одам во Лондон наоѓам време да го посетам хотелот во Падингтон во кој работев додека бев студент. Убаво ми е кога се потсетувам на студентските денови.
    Оваа недела бев во Лондон. Но, не бев во Падингтон. Метро станицата која ја користев додека живеев тука сега е затворена. Таму се случи една од четирите експлозии минатиот четврток. Плус, не ми беше пријатно да се возам во метро. Сите телевизии во понеделникот побрзаа со своите репортери да се јават од некој воз за да ја пренесат атмосферата во метро-системот. Дури и градоначалникот на Лондон Кен Ливингстон отиде на работа со метро за да ги охрабри своите сограѓани.
    Признавам, мене не ми беше сеедно. Ги загледував патниците, зјапав во нивните чанти, внимавав некој да не заборави нешто. Нервозно броев уште колку станици останале до мојата.
    Лондончани се навикнати на бомби. Веќе со децении се расправат со ИРА, речиси секојдневно имаат евакуации на метро станиците и аеродромите. Дури и кога ќе ги прашаш за оној пеколен 7 јули знаат англиски ладно да одговорат: “Па, не беше баш многу фино” .
    По 11 септември 2001 во Њујорк сите очекуваа дека терористите ќе удрат и на Велика Британија. Весниците велат: Не беше прашањето: “Дали?”, туку, “Кога?”. Ден по четирите експлозии во централен Лондон некои таблоиди осамнаа со насловна страница: “Се случи тоа што го чекавме”.
    Но, шокот дојде по неколку дена. Посилно од бомбите одекна сознанието дека Британците ги нападнале нивните домашни, обични луѓе од соседството. Едниот бил учител во школо со деца со хендикеп, другиот вљубеник во крикет, третиот син на сопственик на “фиш едн чипс” ресторан… Весниците објавија слики. Онакви какви што сите имаме од основно училиште. Сите деца од одделението заедно со учителката. Едно од нив пораснало за да ги убие другите.
    Роднините велат дека биле обични британски државјани. Пред неколку месеци некои отпатувале до Пакистан, но се вратиле брзо оти таму не им се допаѓало.
    Клучна за истрагата беше мајката на едниот од терористите. Мајка како и секоја друга, се загрижила дека синот не си дошол дома, а слушнала за терористичките напади. Кога излегувал и рекол дека ќе оди во Лондон со пријателите. Го пријавила во полиција како исчезнат. Излезе дека тој бил еден од бомбашите – самоубијци.

    2 Додека Битолчани играа оро пред британската амбасада во Скопје за да му покажат на конзуларниот службеник дека се “кохерентна група” за да добијат виза за да ја посетат Британија, една друга “кохерентна група” од Лидз подготвувала пеколно сценарио. Странците од Македонија се опасни за официјален Лондон, ама домашните излегоа многу, многу поопасни. Нив не им требаше виза за да отепаат седумдесетина луѓе кои одат на работа. Тие се Британци и треба да бидат заштитени од нас. Излегува дека Обединетото Краллтво домашните бомбаши ги штити од странските играорци.
    3 Во еден италијански ресторан на скапата улица Најтсбриџ седат три сосема забрадени, во традиционални црни чадори облечени девојки. Зборуваат англиски. Порано не обрнував внимание, ама сега ме фати мисла. Сестри ли се, пријателки ли се, не знам!? Имаат ли тие некој брат што неодамна се вратил од Пакистан оти не му се допаѓало? Што носат под црната одора? Скапа облека како што прилега на овој дел од Лондон, или експлозив!?
    Звучи параноично!? Признавам – да. И во истиот момент од другата страна на улицата од бутикот на Армани излегуваат уште три девојки во црни чадори. Им се гледаат само очите.
    Техеран ли е ова, Истанбул, Карачи, Грозни, Бит пазар… Не. Ова е Лондонистан.

    4 Главниот град на Велика Британија го прекрстија американските медиуми. Лондон станал Лондонистан оти, според нив, се претворил во “европска крстосница за идни терористи”, каде што Муслиманите ги уживаат сите граѓански права за да проповедаат џихад.
    Коментарите во САД се дека имигрантската политика на Обединетото Кралство и либералната политика за давање азил на луѓето од бившите колонии и на Арапите од Блискиот исток им овозможува на исламските агитатори лесно да дојдат до големата популација Муслимани кои се веќе британски државјани.
    На носителите на британски пасоши им е дозволен влез во САД без визи. Американците се плашат дека евентуални терористи во иднина би можеле без контрола да дојдат токму од Обединетото кралство како обични туристи.

    5 По терористичките напади во Лондон беа регистрирани серија напади на џамии низ Велика Британија, но британските медиуми малку јавуваат за тоа. Официјален Лондон ги повика лидерите на муслиманските заедници сами да го дигнат гласот против тероризмот и растечкиот исламски фундаментализам. Ако сами не си го сотрат злото, тогаш тоа ќе го прават безбедносните сили.
    Медиумите повикуваат на трпение, но се забележува и нервоза. “Ќе се грижиме за малку загрозените човекови права, ама тогаш кога ќе бидеме безбедни”, беше напишано во еден коментар.
    Градоначалникот на Лондон Кен Ливингстон рече дека “како што христијанската религија не се суди според злосторствата на Радован Караџиќ во бивша Југославаија, така и муслиманите не може да се судат според ова дело”.
    Врти сучи, пак накај Балкан ја вртат работата. Заборави да каже дека Холанѓаните му помогнаа на Караџиќ и Младиќ да го направат масакрот во Сребреница, оти не го заштитија народот што беше таму, а тоа им беше задача доделена од ОН.

    6 Првите информации велат дека експлозивот од кој биле направени бомбите можно е да стигнал од Балканот. Нели им го собираа оружјето, нели имаше две успешни акции под покровителство на меѓународната заедница? Нели и сега кога македонската полиција лови оружје ги загрозува човековите права на мајките и сестрите на командантите?
    Нивниот градоначалник се вклучи во борбата против тероризмот со тоа што отиде на работа со метро.
    Нашиот нема ни намера да се качи во автобус за Кондово. Немаат намера да се качат ни претседателот, ни премиерот… Веројатно затоа што во главниот град на Македонија нема терористи, туку вооружени бандити.
    На нашата држава и треба оправдание за да удри по криминалци. Што ли ќе прават ако треба да удрат по терористи?
    Да не биде и кај нас истото прашање како и во Лондон. Не “Дали?”, туку “Кога?”.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира