КАФЕАНА “СКОПЈЕ”

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:61:""Хардрок"!?Незнам,несумодтука!

    1. Баш убаво што нов градоначалник на Скопје е Јове Кекеновски. Без лажна скромност, тој за себе може да каже дека е вистински човек за народот. Затоа што свири народни песни на хармоника?
    Во неговиот избор нема никакво место за сомнеж дека, како по обичај, наро­дот ќе игра како што ќе му свират. Па дури и епизодата со поделбата на кечињата на изборната седница на скопското собрание не може да се сфати како предупреду­вање дека во иднина раководството на градот ќе ни крои капа. Во неговиот избор нема никаква мистификација. За фолклорни граѓани најмногу одговара фолклорен градоначалник. Парижани до неодамна си го имаа Жак Ширак. Скопјани, како граѓани на главен град на една современа држава, за свој Ширак си го избраа Кекеновски.
    Во секој случај, сега градот ќе функционира беспрекорно. Градоначалникот ни е музичар. А претседателот на Извршниот одбор Љупчо Николовски-Фуфо ни е угостител. Кекене и Фуфо, како армоникаш и кафеанџија, ќе бидат прекрасна комбинација. Има кафеана, има музика. Сé е подготвено за една добра лумперајка со јадење, пиење и весели фолклорни звуци. Останува само да видиме кој на крајот ќе го плати цехот. Кога Кекене ќе отсвири фајронт, а Фуфо ќе ги изгасне светлата во кафеаната “Скопје”.
    Новиот градоначалник ќе треба да вложи многу напори за да се издигне над секојдневните естрадни настапи на неговите колеги и на дело да покаже дека е прва хармоника во градот. На пример, Лепа Брена ја дигаа на кран. “К-15” ги донесоа на стадион со полициски хеликоптер. Кекеновски како вистинска власт ќе мора да изнајми авион и како “летечки Елвис” од Лас Вегас да се спушти меѓу публиката. Или, барем да се спушти со параглајдер од Водно и во исто време со хармониката да ја свири “Скопје, радост ти ќе бидеш, Скопје, песна ти ќе бидеш”, во турбо-фолк варијанта.
    Впрочем и Бил Клинтон свири на саксофон. Ако може претседателот на САД да биде музичар, зошто тогаш тоа да не биде претседателот на Скопје. И не знам зошто е толку лошо што прв човек на градот е познат хармоникаш. Замислете да беше непознат хармоникаш!

    2. Невидена измама во Италија. Некој ја ограбил македонската амбасада во Рим. И украл цели 1.500 германски марки! И тоа парите биле приватни.
    Сиромашките крадци! Тие мислеле дека влегуваат во амбасада. Па уште виделе зорт, се испосекле од стаклото. Штета што биле повредени. Инаку ќе се сожалеле и самите ќе оставеле барем уште толку, како доброволен прилог за опремување на македонските дипломатски претставништва.

    3. Се сеќавате ли на случајот “Хард рок” и на фамозното писмо на либералите до СДСМ, што беше првиот сериозен удар на победничкиот Сојуз за Македонија, на приказните за телохранителите на митинзите на Сојузот, на неуспешната наплата на рекет од сопствениците на дискотеката, на судското гонење на седуммина предводници на толпата што кон крајот на ноември минатата година го демолира најпознатото скопско диско непосредно пред свеченото отворање на зимската сезона?
    Деновиве пристигна вест дека за петмина од осомничените е дадена изјава за откажување од гонење, а за двајца што се наоѓаат во бегство е прекината ис­тра­гата. МВР не сака да ст ави  крај на случајот, па на судското решение доне­сува одлука за прекршочни пријави против осомничените. Ах, таа полиција нема друга работа, му прави компликации на независното судство.
    Епилогот на аферата “Хард рок” е во стилот на она “Простено – забораве­но!”. Исто како ништо да не се случило. Тоа што беше демолирано, сега е поправено. Ни трага од вандалскиот напад. А можеа да остават некој спомен – агол за лошо сеќавање. Вака сега излезе “било – да не се повтори”.
    Во тоа време аферата “Хард рок” се врзуваше со аферата во дискотеката на “Силекс”. И за неа излезе: простено – заборавено! Чудно колку малку вредел еден млад човечки живот.
    Сега по медиумите се поставуваат прашања дали јавноста ќе биде задоволена  по ваквата разврска на аферите. Затоа што  наивно верува во независноста на судството од политиката.
    Која јавност!?

    4. Обединетите нации оваа недела започнаа со серијата прослави по повод 50-годишнината од основањето. Првиот спектакл беше организиран во Сан Франциско.
    Од сега, па до октомври, кога ќе се одржува 50-тото Генерално собрание во Њујорк, ќе се изнаслушаме за мировната улога на светската организација, за нејзината ефикасност во решавање на конфликтите, ќе се изнагледаме славенички фаци, срдечни ракувања, групни сликања пред камерите…
    Завршната манифестација е предвидена да се одржи во Њујорк. Што е голема утка на организаторот. За да се претстави улогата на ОН денеска и да се демонс­трира ефикасноста, најдобро е да се организираат туристички патувања. На пример, не е лошо да се организираат посебни прослави во Сараево, Грозни и Кигали. Тоа би било доволно за едно скромно одбележување на јубилејот.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари