НЕНАДМИНЛИВО ЧУВСТВО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:139:"Најкритиченмоментќенастанекогамесечнитеплатиќепаднатод30на20марки

    1. Сонот станува стварност. Повеќе никој не може да ни застане на патот што самите солидно го трасиравме за да можеме што побезбедно да пристигнеме во просторите во кои царуваат општото расположение и благосостојбата. Се наоѓаме во последната фаза од остварувањето на извонредно амбициозната про­грама и само прашање на време е кога ќе ја достигнеме планираната високо ху­мана цел – платите да изнесуваат триесетина марки месечно.
    Што повеќе се ближи денот кога и формално ќе нé признаат со истовремено зачленување во меѓународниот клуб на сиромашните, сé позабележлива е радоста кај достоинствените граѓани. Моралот дополнително го подигаат вестите дека само прашање на денови е кога од странство, покрај помошта во лекови, ќе почне да пристигнува и помош во храна.
    Високо патриотски настроени, подготвени го пречекуваат критичнот момент кога примањата од триесет ќе се намалат на дваесетина марки. Во оазата на мирот  сé што понатаму ќе се случува е чиста фатаморгана. А душата ќе ни биде исполнета со сознанието дека по толку години макотрпна работа и самопо­жртвуваност, конечно сме ги превтасале источните земји, на чијшто висок стандард на живот и уметност на шверцот отсекогаш сме се одушевувале. За Амери­канците, пак, воопшто не ни помислуваме. Можеме само да им го украдеме реклам­ниот слоган од “кока кола”. Зашто, помеѓу вкусот на голтка студена “Кока кола” и издржување семејство со 50-60 марки месечно (во најдобар случај, ако се вработени двајцата родители) нема никаква разлика. “Чувството е ненад­минливо”.

    2. Единствено ми е жал за оние граѓани на Албанија кои пред две години се степаа да избегаат и да дојдат да живеат кај нас. Видоа дека се зезнале, па сега ќе навалат пак назад преку граница.
    Особено сега, кога победи Сали Бериша и неговите демократи. Мора по оваа изборна победа таму да било многу весело, кога дури и на Киро Поповски на завчерашната прес-конференција му се провлече насмевка на лицето. Ај тоа, ама кога на социјалистот Киро ќе му се отргне од контрола и реченицата дека во Албанија забележал кај луѓето “радост што еден систем конечно е паднат”, тогаш мора да се работи за драматичен пресврт во неговата определба. Којзнае колку и самиот би бил радосен кога и кај нас “еден систем конечно ќе падне”. А уште порадосен – тој да си остане.
    Во тој правец веќе ги направи првите чекори. Кога се во прашање изборните резултати во Албанија, на иста линија е со Љупчо Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ. И двајцата се израдуваа од демократијата што таму завладеала. Веројатно затоа што на македонското друштво “Братство” не му било дозволено да се регистрира како партија и да излезе на изборите. Па, како кандидат за пратеник се појавил само еден Македонец. И тоа на листата на Социјалистичката партија на Рамиз Алија.
    Тоа е врвот на демократијата што може да се очекува од преку западната граница. Сé додека на тукашните Албанци не им биде даден статус на народ. Така му рекле на нашиот Киро Поповски и на парламентарната делегација раково­дителите на тамошната Социјал-демократска партија. А луѓето, вели Поповски, се интелектуалци. Зборувале странски јазици. Замислете!

    3. Којзнае уште што сé ќе треба да замислуваме, кога доживеавме една Албанија, изгубена во времето и учебнички пример за кршење на човековите права, да поставува услови за прием на Македонија во КЕБС.

    4. По преживеаната сообраќајна несреќа, претседателот на Србија Слободан Милошевиќ, читајќи ги рекламните пораки на српските туристички агенции “Одмарајте таму каде што сте добредојдени”, си ја избра Грција за залечување на главата. Благодарејќи на него, неговите сограѓани се добредојдени во Грција. Почитувајќи го своето животно кредо: “на лута рана, лута трева”, фобијата од возење со автомобил ја лекува со непрекинато возење повеќе од две и пол илјади километри на релацијата Белград – Атина и обратно. Не се знае само дали си го сменил возачот.
    Присуството на традиционално добриот пријател во Атина многу бргу се почувствува. Особено кај грчкиот министер Самарас, кој на една телевизиска емисија се однесува како Радован Караџиќ. Сите што биле за компромис во врска со Македонија ги нарекол предавници. Најтрагично е што таквото однесување има помин кај Европа. Најдобар пример е токму европското прифаќање на картите на Босна и Херцеговина од психијатарот Караџиќ. Резултатот од договорот и конструктивниот приод на ЕЗ кон тоа прашање се гледа. Во Босански Брод – особено. Кога само ќе ми текне дека истите ни го кројат договорот со Грција, страв ми е и да помислам како ќе изгледа конструктивниот приод на ЕЗ по маке­донското прашање.
    Најголема фрка меѓу новинарите се дигна кога “од добро информирани извори” дознаа дека Милошевиќ, на враќање од Грција, ќе намине во Скопје. Наводно, претседателот Глигоров му порачал да му купи маслинки. Ќе му требаат за мезе, за коктелот кога ќе нé признаат. Арно ама, Милошевиќ и овој пат не ја искористи шансата да се покаже како добар другар. Или пак жената му рекла: “Што ќе им носиш, додека да ги признаат, ќе скапат!”

    5. Настрана што ако послужиме маслинки на коктелот, тоа веднаш ќе биде протолкувано како предавнички акт од највисока категорија. Што ќе ни се маслинки, кога можеме да имаме колку сакаш пиперки и домати.
    Ете, токму затоа во  ВМРО-ДПМНЕ сé посилно продира земјоделско крило, а главна станува земјоделската политика. За да не настане тотален расцеп меѓу земјоделците и оние другите, најдобро партијата да направи мала измена во името. Нека биде Демократска партија за македонско земјоделско единство. Звучи слично: ВМРО-ДПМЗЕ.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира