НОЌНА ПРОГРАМА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:121:"ДуриивоениотврвјапризнаМакедонијакакопосебнавоенаобласт

    1. Графитот “Ново Лисиче – самостојна држава”, што деновиве се појави на тарабите на едно градилиште во најновата скопска населба, најпластично ги изразува вековните стремежи на станарите на новолисичките згради. И токму сега, кога Ново Лисиче ги направи сите чекори за да ги исполни условите за меѓународно признавање, станарите на две згради што се најблиску до депонијата “Вардариште” организираат референдум за политичко-територијална автономија.
    Одлуката за распишување на референдум е донесена на заеднички состанок на претставници од двата куќни совета, некаде пред Нова година. На самото  место, на паркингот меѓу двете згради, е формирано легално собрание за организирање референдум за политичко-територијална автономија во рамките на Ново Лисиче. Причината за овој сецесионистички акт лежи во загрозеноста и обесправеноста на овие станари во однос на жителите на државата Ново Лисиче. Наводно, според строгите критериуми за признавање, што ги одреди Сеевроп­ската унија на месни заедници, Ново Лисиче, за да се здобие со меѓународен субјективитет, мора покрај постојаната магла да обезбеди услови и за ветер. На ветерот му се спротивста­вуваат токму споменатите згради, бидејќи во тој случај би дошло до струења и прочистување на воздухот, со што на овие станари ќе им биде загрозено основното човеково право да ги уживаат благодетите на пријатните мириси на “Вардариште”.
    Добрите познавачи на меѓународните прилики сепак сметаат дека Ново Лисиче ќе добие меѓународно признание. На тој пат тешкотии им прават и властите на соседната држава Село Лисиче. Жителите на Село Лисиче сметаат дека со воведувањето на ветер во маглата на Ново Лисиче се создаваат претпоставки за територијални претензии кон нивната држава. Во смисла, смрдеата од депонијата “Вардариште” да дојде и кај нив. Дополнителна причина за скепса е и употребата на зборот “Лисиче” во името на државата што бара меѓународно признавање. Новолисичани немаат намера, ниту пак сакаат да разговараат за промена на името на својата држава. Овој категоричен став им го предочија на експертите од Село Лисиче на неодамнешните преговори водени во “Лисабон”. Така се вика една позната кафеана во селото Лисиче.

    2. Проблемот на односите меѓу Село Лисиче и Ново Лисиче, што, како што се дознава во добро информирани дипломатски извори во седиштето на Сеевроп­ската унија на месни заедници, ќе продолжи да се решава на преговарачка маса во кафеаната “Лисабон”, не е ништо во однос на меѓународниот скандал што “мириса” во односите меѓу Македонија и Грција.
    Имено, со детаљна проверка на товарот што го пренесувале камионите на (гледај каква дрскост) “Мактранс” од Скопје, во пристаништето Патрас на Јонското Море грчките експерти на контраразузнавачката служба откриле дека се работи за електронска опрема за супертајното македонско оружје, увезено од Германија, Австрија, Словенија или Хрватска за потребите на македонската воена морнарица. Оружјето требало да биде монтирано на кајчиња во речното бродо­градилиште во Скопје, а потоа со помош на бројната и современо вооружена македонска пешадија, потпомогната од оклопните единици и суперсоничните авиони на “Агромеханизација”, да биде префрлено во Солун за потребите на Македонската воено-поморкса област.
    Грчките весници велат дека на ниту едно превозно средство што ја носи ознаката “Македонија” нема да му се дозволи влегување или минување низ Грција. Сиромашките, тие како да заборавиле дека ние си го имаме Тошо Петров и неговите гевгелиски занаетчии, мајстори за блокади на граници. Кога можеа Словенија и Хрватска да го привлечат вниманието на светот со војна, ние како мирољубива држава би можеле повторно да пробаме со блокада на Грција.

    3. Во секој случај, што се однесува до признавањето, тоа е веќе свршена работа. Ете, нé призна дури и воениот врв. Како посебна воена област. Во сообразност со нашето мирно самоопределување, тие си го самоопределија за командант на Воената област Македонија генералот Никола Узелац. Тој со мудрите и рационал­ни потези, што ги влечеше како командант на Бањалучкиот корпус, се покажа како ненадминлив миротворец низ западна Славонија.
    И неговото поставување на командното место на Македонија е во рамките на исполнување на условите што треба да ги исполниме за да бидеме меѓународно признати. Затоа и се согласуваме командантот да биде странец. Тој е единствениот кој ќе може да командува со војската на територијата на самостојна Македонија во која останаа уште малку македонски војници. Што значи – има ефективна власт над целата државна територија.

    4. Кога е во прашање признавањето, нема да има проблеми само со програ­мата на Македонската телевизија. Целата е приспособена на самостојната маке­донска држава. Што значи – сиромашна.
    Не е проблемот во тоа што по цел ден гледаме вести, на сите можни јазици што се зборуваат во републикава, внатрешнополитички и надворешнополитички емисии со тема: “Ќе нé признаат или не?”, па слушаме и длабоки аналитични коментари дури и на третиот канал. Најголемиот проблем е што МТВ, верувам и самата несвесна за тоа, со самостојната програма работи директно на штета на самостојната македонска држава.
    Размислуваат ли нашите колеги што сé може да се прави откако ќе заврши програмата на сите три канали, рано-рано, уште во десет и пол навечер? Кога самостојни и суверени, без странска ноќна програма, со гордо национално чувство дека сме се изнагледале чиста национална ТВ програма, ќе легнеме во кревет среќни дека наскоро ќе нé признаат и нема да можеме да заспиеме од возбуда.
    Ако телевизијата навистина мисли да работи за доброто на Македонија и за рамномерен наталитет кај сите нејзини граѓани, тогаш нека емитува селективна програма. Нека воведе ноќна програма на албански јазик.
    Македонците ќе се преправаат дека спијат.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари