ОГРАБЕНИТЕ ЗАДОВОЛНИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:53:"СДСМќестанеприврзокнаСПМ

    1. Редовно ја следам образовната програма на Телевизија “Сител. Најомилена ми е серијата “Пропаганда за почетници”. Најмногу го ценам тоа што како нагледно средство за учење пожртвувано и без никакво штедење се користи стопанот на телевизијата Љубисав Иванов – Ѕинго. Пред два дена ја учевме лекцијата како со вадење од контекстот на делови од говор се добива посакуваниот впечаток. Премиерот Бранко Црвенковски вели: “Ние остро ќе и се противставиме  на таа политичка опција!” и веднаш на него се надоврзува дел од говорите на Ѕинго пред локалните избори. “Ние сме за Европа и Америка!” Па, повторно Бранко со дел од реченицата: “Ние ќе и се противставиме на таа политичка опција”, па повторно Ѕинго кој вели: “Не сум се бавел со шверц, не сум се бавел со сива економија…” Бранко е шверцер, ја поддржува сивата економија, против Европа е, и не ги сака Американците. Ѕинго е чиста спротивност, тој е најдобар, тој е нашата вистинска опција, сите го сакаме Ѕинго.

    2. Во рамките на амбициозната образовна програма, во која ТВ “Сител” ќе ни прикаже како од обичен провинциски социјалистички моќник се стигнува дотаму  да се занесуваш дека си Франсоа Митеран од Кратово, со нетрпение ја очекувам следната епизода на “Пропаганда за почетници”, во која ќе научиме како СДСМ станува приврзок на СПМ.
    За почеток одеше темата: “Смирување на Благоја Филиповски”. Излезе дека тоа не било воопшто тешка работа. Тешка работа била за другата страна да направи вистински избор. Знае Ѕинго дека Благоја Филиповски не може без него, уште од времето кога одеа на поклонение кај Милошевиќ. Што би правел Филиповски кога не би бил во СПМ и потпретседател на Собранието? Би го зеле во СДСМ!? Што ќе им е кога и онака се богати со такви кадри. Вака, Ѕинго реши да си го задржи Благоја. Сега кога расчисти со него, отворен му е патот до Бранко Црвенковски.
    Му се смеат на Ѕинго кога овој вели: “Не сум се бавел со шверц, не сум се бавел со сива економија!” Мрдаат со глава,  божем знаат многу работи, ама чекаат момент да ги извадат во јавноста. Од многу чекање и замислено мрдање, ги заболе главата. Ако Ѕинго правел нешто што сега може да го компромитира, исто така ќе ги искомпромитира и тие што му дозволиле да го прави тоа. Или, не правел сам.Па сега кога вели: “не правев јас, тие правеа”, никој ништо не му може. Тие можеби знаат многу работи за Ѕинго. Ама кој знае што знае Ѕинго за нив?
    Изгледа дека му се бадијала заканувањата на премиерот Бранко Црвенковски дека ќе се спротивстави со сите сили на политичката опција на Љубисав Иванов. Џабе му е и репризирањето на неговото интервју на државната телевизија, како противтежа на образовната програма на Ѕинговата телевизија.  Зарем не се сеќава дека токму државната телевизија како работни победи ги одбележуваше пуштањата на предавателите на ТВ “Сител” низ Источна Македонија и го снимаше присуството на министрите од неговиот кабинет и пратеници од неговата партија. Тешко му е на Бранко да се бори против Ѕинго од другата партија, кога околу себе има слични такви ѕинговци. Ќе може да расчисти со Ѕинго, само ако не му пречат ѕинговците од неговата партија. Ако пред тоа тие не расчистат со него.

    3. Што ли ќе се случеше ако гувернерот на Народната банка Борко Станоевски не отидеше да ја среди штедилницата “Лавци” во Охрид? Мирно Лавци, мирна Македонија. Знае Станоевски каде оди надвор од главниот град може да биде поопасно. Како во Албанија. Жртвите меѓу штедачите не паднаа во Тирана,туку во Владата.
    Среќа што нашата Влада брзо реагира. Требаше само на едно место да се соберат претставници на полицијата и на Министерството за правда и да поразговараат со измамените штедачи. Штедачите излегоа задоволни од разговорот и особено од тоа што биле примени на високо ниво. А пред тоа изјавуваа дека нема да се тргнат од пред Владата се додека не ги прими Бранко Црвенковски. Што е важно што ги изгубиле парите, кога биле примени од министри.
    Еден ден по конструктивната средба во Владата полицијата соопшти дека лишила од слобода двајца сопственици на пропаднатите штедилници. Значи, потсекретарот на МВР, Диме Ѓурев, сериозно ја сфатил работата. Едниот приведен, сопственикот на “Југомаркет” Јасмин Моралиќ успеваат да го пронајдат само по трииполгодишен неуспех да го доведат во судот. Браво! Сега штедачите се смирени. Додека да ги ослободат приведените поради недостиг на докази, ограбените дури и ќе бидат задоволни. Башка и гувернерот ќе ја среди “Лавци”.

    4. Министерот Љубомир Фрчкоски по враќањето од САД изјави дека во Македонија ќе пристигне генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, за да присуствува на Форумот за европеизација на Балканот. А Анан е Африканец. Бидејќи за европеизација малку ќе причекаме, би можело да го викнеме генералниот секретар на Форум за африканизација на Балканот.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари