ПАРТИЈА КАРТИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:60:"Нејќемепилешко,сакамепрасешко

    1. Што се забрзал толку министерот за внатрешни работи Павле Трајанов со откривањето афери? Има време, белки мисли да остане на истата функција четири години.
    Кај и да отвориш – афера. И тоа, почнувајќи од полицијата. Како што тргнал Трајанов, ќе треба Владата да се прошири со уште едно министерство. Треба да имаме две полиции. Остави друго, туку да не остане покус, почна да го следи и министерот за правда Владо Камбовски. Ако имаме две полиции, и судовите ќе треба да ни работат прекувремено. А ако судовите работат во две смени, ќе има и многу казни. Казнетите ќе одат во затвор. А во програмата за 100-те дена на Владата не се предвидени активности за зголемување на бројот на затворски легла. И – ете ти непредвидени главоболки за министерот за финансии Борис Стојменов. Како од Буџетот да се најдат пари за дополнителен број затвореници. И како тоа да се објасни пред ММФ.
    И после зборуваат дека ќе имало промени. Какви се тие промени, ако одат во затвор тие што досега краделе? Ќе го сменат само местото на живеење. И досега сме плаќале за нив, ќе плаќаме и отсега. Како и да ја свртиш работата, тие ќе си ја наредат. Пак ќе живеат на наша сметка.
    Јасно е зошто старата власт водеше толку остра битка за да остане да владее. А новата власт побрза да расчисти со аферите на старите, за да знае на што е и да има чист терен за работа. Има време, пред нив се четири години, па ќе има можности и таа да направи афери што ќе им ги открива тој што ќе дојде по нив. Ова брзање е само да се стави граница, што е на едните, а што на другите. Новите мора да знаат од каде можат да почнат.

    2. Баш ме интересира како изгледа делењето на директорските места на јавните претпријатија и во фондовите. Си ги замислувам Георгиевски, Тупурковски и Џафери седнати околу маса во ниедно време од ноќта како играат карти. И оди она: “Ти делиш, ти сечеш”. Па малку блефираат, па ѕирнуваат настрана со намера да забележат што карти имаат партнерите, па си намигнуваат едни со други, без да ги забележи третиот, можеби си подаваат под маса некоја карта за убава комбинација… Циле нервозен тресе со ногата и гледа на часовникот да не задоцни на авион, Љубчо со умот надвор и со грижата кого сé треба да прими другиот ден и како да си ја задржи насмевката, а Џафери ги меша картите, ги меша, ги меша, па размислува, и додека каже нешто, Љубчо и Циле веќе си размениле два-тројца директори.
    Белки партијата карти нема да им трае и за поделбата на директорите по општините. Ако толку им се оддолжи делењето, отидоа стоте дена. Да не бара Љубчо уште сто дена откако ќе заврши поделбата. Немаме. Од каде ќе му најдеме, сега сме во криза.

    3. На предизборниот дуел, Љубчо нешто му префрли на Бранко за виски и кокаин.
    Сега премиерот пие шампањско. Го гледавме на телевизија по потпишувањето на некој договор. Навистина, во свечени пригоди, премиерот мора да тргне некоја голтка, од куртоазни причини. Ама, никогаш не се знае. Капка, по капка и ќе мора да сврти на луто. Бидејќи “жолтата” е веќе надмината, откако ВМРО-ДПМНЕ го напушти крутиот национален концепт, во граѓанска улога би ѝ одговарало виски.
    Прашањето е само дали Љубчо барем во оваа насока ќе го задржи континуитетот. Кокаин нема – некој го однесе од МВР. Но затоа, пак, има новинари кои можат да ја продолжат практиката на ноќни сеанси во кабинетот со виски. Затоа, Љубчо нека си нема грижа. Само нека објави, истите пијачи сами ќе дојдат.

    4. На Циле не може да му се фати трагата. И да беше Брзиот Гонзалес, не знам како ќе успееше во исто време да биде и во Солун, и во Тетово, и во Вашингтон, и на правењето делбен биланс со Љубчо и Џафери во Скопје.
    Сега сите очекуваат Брзиот Гонзалес, од Америка да ни се врати како Дедо Мраз. Обично, Дедомразовците не доаѓаат од Америка, ама и тоа не е пречка за Циле. Ако треба, ќе скокне и до Лапонија.
    Некои медиуми веќе јавија дека Тупурковски заминал во Америка по пилешко. Ако е така, тогаш тоа ќе биде првото разочарување од Агенцијата за обнова и развој. Ние сé уште не сме навикнале Новата година да ја чекаме со пилешко. Сакаме прасешко.

    5. Е, Моника, Моника, што направи од светот! Можеше ли, во моментот кога изби скандалот со Левински во Белата куќа, некој да претпостави какви последици може да предизвика еден незавршен орален секс. Стажантката се жалеше дека Клинтон не ѝ давал да оди докрај, па сега нека му ја мисли Садам.
    Милошевиќ треба сериозно да се замисли ако Клинтон си фати нова женска. Тогаш веќе и тој ќе дојде на ред. Зашто, американскиот претседател, ако не може да ја заврши работата во Овалната соба, ќе ја сврши надвор.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари