РЕТРО ОФАНЗИВА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:104:"ДватауманаБучкоиБранкоколкуумотнаНенадНовковски

    1 Љубчо се крсти со двете раце. Бранко му се слика на Плаошник и се бакнува со поповите. За да не остане нецеливан и Бучко другиот ден ги викна владиците. Ќе правеле координативно тело за воведување веронаука во училиштата.
    Откако ги реши сите проблеми, сосе судството, Бранко виде – не виде му се сврте на Господ. Во училиштата не се знае која историја се учи, секоја година се менуваат програмите, на зима учениците мрзнат без греење, немаат ни асолен ќенеф, ама затоа ќе учат веронаука.
    Бучко и Бранко тргнаа по умот на министерот за образование од времето на Љубчо, Ненад Новковски. Оној против кого држеа прес- конференции кога ги донесе поповите и оџите во училиштата на 1 септември.
    Бранко и Бучко со два ума, вредат колку умот на ВМРО-вскиот Коперник, Новковски.
    По оваа ретро офанзива не знам уште што можеме да очекуваме. И Господ да крене раце од нас. Оти до сега само тој нî чуваше.

    2 Рада Шеќеринска ја продолжува европската офанзива. Од Брисел заврши во Свети Николе. Од евроинтеграција се префрли на аграрна реформа.
    Ги смируваше земјоделците што со трактори ја блокирале општинската зграда оти не се задоволни од аграрната реформа на Славко Петров и Јован Манасиевски кога беа министри за земјоделство и труд и социјала во времето на Бранко и Хари.
    Ако на Рада не í е јасно како била делена земјата во времето на претходната реформа, нека се обрати за помош во Бирото за судски вештачења. Нека праша кој е таму директор.
    Стварно, кој е таму директор?
    Славко Петров.

    3 Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ Изет Меџити им порача на Албанците да не одат во кафеаните од десната страна на Вардар, “бидејќи македонските бизнисмени и државни структури прават стратегии како да ја упропастат Чаршијата”.
    Овие од ДУИ се исплашиле Пенов навистина да не им направи плоштад на местото на Бит пазар. ДУИ не сака да реди плочки од левата страна на Вардар. Тие нема да му дозволат на Пенов да го премести пазарот надвор од границите на Чаир.
    Ако Пенов знаеше дека од пазарот ќе прави плоштад уште пред да му почне кампањата, зошто тогаш државата му го продаде земјиштето на “Скопски пазар” што пазарно вреди 9 милиони евра, за само 44.000 евра.
    Тој немало да троши пари за да ја купи земјата на која ќе гради плоштад, туку ќе му дадел на сопственикот други локации во пазарна противвредност.
    Тие локации на тендер ли одат, или се даваат за 44.000 евра? И колку станови ќе се продадат ако на тие локации се изградат осумкатници со два потпокрива колку што е дозволено во Скопје? И колку пари ќе се соберат од тоа за сопствениците на Бит пазар да бидат праведно обесштетени?

    4 “Зегин” немало да плаќа за уништување на солта оти не била негова. А кога му ја фатија со фактурирана вредност од над 190 илјади евра и со печат на УНИЦЕФ се фалеше дека тој ја купил за да ја донира.
    Механџиски велеше дека му запалиле лекови за некои три илјади евра. А кога го фатија со набиените цени му нашле испратници со над 200 илјади евра. Впрочем, самиот се фалеше дека донира половина милион евра.
    Море Влада заседаваше, море Царината соопштенија праќаше, море Ило изјави за новинари даваше. Ништо од тоа. Каде е Ило Илоски, каде се мобилните екипи на Царината? Бркаат кој увезол три штеки цигари на Богородица, додека Зегин се слика на буништето “Дрисла” и ги фали сите.
    Царината била фина. И Бирото за лекови било фино. И полицијата била фина. Газда Зегин заборави да ја пофали само таа со бундата и шубарата што влезе во црниот џип. Ја изигнорира сосема неоправдано оти таа беше ептен фина. И збунета. Ја пратиле да го контролира уништивањето на лековите. Си фатила работа со Зегин. Тргнала стокмена како за “Модна недела”, а завршила на буниште.
    Газда Зегин рече дека ќе даде награда од половина милион евра на тој што ќе го открие криминалот. Во време на предизборна кампања не е хумано толку пари да останат неискористени.

    5 Најискрено му се извинувам на господинот Пенов што во минатонеделниот текст сум ја довел јавноста во заблуда објавувајќи дека за двата мандата колку што е градоначалник на Скопје поставил 200 клупи. Сум направил голем превид, иако се консултирав со колегите од Скопската рубрика. Навистина биле 200 клупи, но само во Градскиот парк.
    За да не се повтори слична грешка и за да не ја доведуваме јавноста во заблуда и во иднина, би било пожелно од градските служби да добиваме прецизни податоци. На пример, колку комарци се уништени за време на двата мандата и тоа во секое прскање поодделно. Точно.
    ПРОВЕРЕНО.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира