СРЦЕ И ДУША

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:155:"Акосеплашишдазборувашзапроблемот,тогашќесеплашишдазборувашизарешението.

    1 Хрватска од понеделникот е членка на Европската Унија.
    Е многу ми е криво. Ама не за Хрватска. За нас ми е криво.
    Македонија го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ на 9 април 2001 година. Хрватска го потпиша истиот договор шест месеци подоцна, на 29 октомври 2001 година.
    Црна Гора тогаш не беше ни независна држава. Таа го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ на 15 октомври 2007 година. Шест и пол години подоцна од нас. На 29 јуни 2012 година ги почнаа и преговорите за членство.
    Србија потпиша Договор за стабилизација и асоцијација на 29 април 2008 година. Седум години по нас. Од почетокот на идната година, можеби, ќе почнат и преговори.
    За волја на вистината, ниту една од овие држави ја немаше Грција за противник. Ама сите си имаа некои свои Грци како проблем. Ниту една од нив немаше толку бизарен спор како што имаме ние. Од никоја земја не се побара промена на името. Да. Грција е лоша. Да. Европа е курва. Да. Дури ни Америка не може да ја скроти Грција. И да, ужасно е тоа што се бара од нас да го промениме името на државата.
    Ама во оние земји кои подоцна тргнаа кон ЕУ, а одат побрзо од нас, политичките елити се занимаваа со интересите на својата земја. А кај нас, веќе 22 години, никој, ама баш никој не дефинираше што е наш државен интерес во овој спор. Не само ВМРО. Не само СДСМ. Не само ДУИ или ДПА. И не само кога биле на власт, туку и кога биле во опозиција.
    Грците наметнаа спор за името. Ама не наметнаа поделба на патриоти и предавници. Нашите политички елити го злоупотребија и овој спор за евтини политички поени.
    Е затоа ми е криво. Не затоа што Хрватска пред нас влезе во ЕУ. Туку затоа што ние сега дури и на суд се докажуваме кој е поголем патриот за името. И криво ми е дека нашите политичари 22 години испуштаат шанса да го стават државниот интерес над сe.
    На крајот на краиштата, во тие држави се разговараше за нивниот проблем. А кај нас секој обид да се отвори дебата води кон уште поголема подвоеност. Изборот е меѓу страв и омраза. Не дискутираме за проблемот, туку се навредуваме еден со друг. И не дискутираме за решението, туку го мериме степенот на загриженост и внатрешен немир.
    Ако се плашиш да зборуваш за проблемот, тогаш ќе се плашиш да зборуваш и за решението. И ич немаш право да се лутиш што ќе ти дојде Американецот и ќе го реши твојот проблем според негов интерес. Оти кога ќе те праша што сакаш, ти не знаеш да му кажеш што сакаш. Или сите му кажуваат различно.
    Е за тоа ми е криво. Е тоа мене ми внесува чувство на загриженост и внатрешен немир.
    2 Претседателот Ѓорге Иванов, изгледа, е многу зафатен со Охридско лето и со Субрата Рој, па нема време да се изјасни за ситуацијата во Египет. Дали ќе го поддржи Морси или ќе ја поддржи египетската армија. Да знам за кого ми чука срцето. Оти турскиот премиер Ердоган го поддржа Морси.
    А пред една недела, нашиот претседател изјави за турската агенција “Анадолија” дека “Македонија е на страната на турскиот премиер Ердоган во однос на протестите за паркот Гези”. Порачал: “На премиерот Ердоган не треба да му е жал, туку треба да дава отпор. Во однос на протестите за паркот Гези некои земји изиграа политички игри што им се познати на сите”.
    Кои се тие “сите” на кои им се познати политичките игри околу паркот во Истанбул? И кои се тие земји? Мора претседателот Иванов да има силни разузнавачки извори. А богами и потковани советници. Иако ми изгледа дека оваа изјава не ја дал по нечиј совет. Туку од срце. Оти душата не можат да му ја земат.
    Професорот Ѓорге Иванов беше познат како експерт за цивилно општество и граѓански права. Што му стана на професорот Иванов? Стана претседател. Му се случи власт. И што да помислиш за твојот претседател кој гледа како со водни топови и солзавец го бришат Таксим од демонстранти, а тој дополнително му дава кураж на Ердоган да не му е жал и да даде отпор.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира