ТОМЧАКИ ТИТОЛА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:154:"Иодкурваиодминистерочекувашкогавеќегиплаќашчеснодасијазавршатработата

    1 Идниот месец ќе стапат на сила измени на законите за бучава, за отпад и за животна средина.
    Општинските инспектори ќе можат да казнуваат на лице место ако некој пушта прегласна музика и фрла ѓубре каде што не треба. Ќе има казни и за ресторани, сендвичарници, фурни од чии кујни се шири миризба која го надминува дозволеното ниво. Казната е 3.000 евра.
    \убрето се гледа. Бучавата може да се измери. Ама како ли инспекторите ќе ја мерат смрдеата и тоа над дозволено ниво? Ќе одат по улици и ќе душкаат? Или ќе им набават некаков апарат? Можеби некаков смрдометар?
    Законот треба да се дополни со уште еден член. Да се каже прецизно што е единица мерка за поднослива смрдеа? Дали е тоа смрдеа од испотена мишка? Или, од смрдени нозе. Се што смрди повеќе од тоа се казнува.

    2 Убавиот глас далеку се слуша. Не поминаа ни десет дена откако Кабинетот на Груевски организираше “Отворен ден на Владата”, во Амстердам во познатиот кварт на црвените фенери се организираше “Отворен ден на проститутките”.
    Проститутките го организираа “Отворениот ден” за да го подигнат угледот на квартот кој во последно време го тресеа афери за перење пари, трговија со луѓе и дилање дрога. И Отворениот ден на Владата беше во функција на дигање на угледот на Владата.
    Тој ден проститутките дојдоа рано на работа и ги отворија своите одаи за да им ги покажат на туристите просториите каде што работат. И премиерот Груевски им ги покажа на посетителите своите работни простории. Проститутките транспарентни, министрите транспарентни.
    И после оди не верувај кога велат дека политиката е курва.
    Не е баш исто. Кај проститутка избираш дали сакаш да платиш за услугата. А кај министрите сакал не сакал мораш да платиш за услугата. Плаќаш данок за да земат плата. Затоа и очекуваш и од едните и од другите, кога веќе ги плаќаш, чесно да си ја завршат работата.
    Значи, нема разлика меѓу министер и курва. Има разлика само меѓу чесни и нечесни. Не е ништо лошо да си курва, ама е лошо да си нечесна курва. Исто како што не е лошо да си министер, ама е лошо ако си нечесен министер.

    3 Во Сарај пак се пукало на улица. Овој пат пресметката не била ни политичка, ни шверцерска. Двајца возачи се скарале кој имал предност на патот. Тој што мислел дека има предност извадил калашников и пукал во другата кола.
    Ете нова тема за дијалог. Треба итно да се донесе нов закон за безбедност во сообраќајот. И тоа по Бадинтеров принцип.
    До сега важеше правилото дека предност има тој кому му е запалено зелено светло на семафор. Ама, веќе не е така. Кондовско-арачиновските правила во сообраќајот не бараат само измени во двојазичните табли покрај патот. Сега ќе треба да се легализираат и нови правила, да се стават нови сообраќајни знаци и да се полага за нови возачки доволи.
    Кој возач има предност на раскрсница? Ако и двајцата имаат калашникови во колата, прв поминува тој што има понов калашников. Ако некој има калашников, а другиот носи пушкомитралез, прв поминува пушкомитралезот. Возила со приоритет не се полициските, противпожарните и возилата за брза помош како секаде во светот. Кај нас најприоритетни се тие што возат со рачен минофрлач.
    Ќе стават американско знаме во општината и мислат дека со тоа се над законот. Е па нека пробаат со калашникови да возат кај своите спонзори во САД. Да видат кој има приоритет во поминувањето.

    4 Стотици граѓани се измамени во уште една пирамидална штедилница. До сега се пријавени скоро два милиона евра што луѓето ги давале на штедење во “Томчаки компани” од Кочани. Оделе во едно дуќанче на кое пишува дека е агенција, менувачница и текстил. А го држи професор по социологија.
    Браво за професорот. Тој си правел експеримент за докторска дисертација. Го испитувал новиот аспект на феноменот стадо. Експериментот му е успешен. Луѓето му давале и 130 илјади евра за 5 отсто камата месечно. Така професорот успешно инвестирал во себе. Науката била профитабилен бизнис ама ние не сме знаеле.
    Видов како изгледа дуќанчето. И никако не можам да сфатам како можеш да му дадеш 130 илјади евра на некој што не дал пари да стави барем светлечка реклама на фирмата.
    Соња од Битола барем имаше стил со нејзиниот ТАТ. Па и таа трафиката на штедилницата “Лавци” некако изгледаше порепрезентативно.
    Ме чуди како Битолчани не чуле за Томчаки? Ќе јурнеа во Кочани на штедење. Да беше Томчаки во Битола научникот ќе имаше свртено не два, туку десет милиони евра.

    5 Битолчани биле зафатени па затоа не отишле во Томчаки. Успеаја да го сменат министерот за култура. Поводот за оставката на Илирјан Беќири беше обидот за забрана на претставата за Тито. Па сега Битолчани ги викаат Титолчани, а Битола – Титола.
    По втор пат во Македонија министер дава оставка. Во 1993 по две авионски несреќи си даде оставка тогашниот министер за транспорт Антони Пешев. Сега си замина Илирјан Беќири. Разликата меѓу нив е дека овој пат министер даде оставка за нешто што самиот го направил.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира