ТУТА КАМЕН

Македонијаимаперспектива.За150годиниќегипокачиплатитенаучителите

    1 Тоа што командирите на полициски станици во 38 општини ќе ги избираат советниците е повторно некој успешен компромис на СДСМ.
    По Рамковен договор, вакви политички командири требаше да се избираат во 8 општини. Али Ахмети побарал во сите. Бучко му се испазарил за 38. Познато е дека кога СДСМ се пазари со Али Ахмети, се добива ДУИ.
    Кога божем се караа со коалициониот партнер за новата територијална поделба и двојазичноста, СДСМ велеше: “Или Кичево и Струга, или Скопје”. На крај направија компромис. Излезе и Струга, и Кичево, и Скопје.
    Командантите на ОНА што во меѓувреме се политизираа, сега ќе бидат командири на полициски станици. Со овој закон и Агим Красниќи ќе може да се социјализира. Ќе го изберат за командир на полициската станица во Кондово. Така што специјалците на Џанго не ќе мора да се изложуваат на непотребна опасност да бидат соодветно малтретирани кога ќе одат да го апсат.
    Европските полицајци од Проксима не се јавија со пресконференција да ги поздрават измените на Законот. Да кажат колку е европски полицијата наместо да се професионализира, да се криминализира. Зафатени се. Бркаат возачи што не се врзуваат со ремени и што не палат светла. Во Тетово може ни тоа не го прават.

    2 Никола Поповски открил даночно затајување. Тоа е голем успех. Уште пред два месеца им кажал за 50 фирми што затајуваат данок на Бранко и на Бучко. И веќе две недели премиерот и Никола им се закануваат на фирмите дека ќе ги фатат. Ама уште испитуваат. Не им ги кажуваат имињата на фирмите.
    Идат избори. Им требаат пари.
    Инаку зошто нас би нî интересирало дека некој затајува данок, ако веќе не го видиме на суд? Имаат ли премиерот и министерот за финансии финансиска полиција, инспектори, обична полиција… Кога некој криминалец ќе биде фатен, за да не може веќе ништо да направи, ќе го стават в затвор. А на овие што криеле даноци, им дадоа два месеца да си ги скријат сметките.
    Ова пирамидите се влезени во традиционалниот речник на СДСМ кога се закануваат дека ќе ги ловат криминалците. Бранко го ловеше октоподот со ТАТ и со другите пирамидални штедилници. Бучко ќе го лови даночните пирамиди.
    Им фали само уште една Сфинга и Тутанкамон. Ама ги немаат. Тие си го имаат Никола. Тој не е Тутанкамон. Тој е Тутакамен.

    3 На Поповски му фалеле 100 милиони евра. И сега испитува кои фирми му ги украле.
    Во Македонија има 30.000 учители што бараат покачување на платата. Поповски им понудил да им ги зголеми од 80 до 120 денари. Да речеме по две евра за учител. 3.000 по две евра, тоа се веќе 60 илјади евра месечно. Или, годишно, дури 720.000 евра. Тоа е 70 отсто од вредноста на авиончето. Ете, толку била моќна македонската економија.
    Но не очајувајте. Македонија има перспектива. Никола ќе ја фати даночната пирамида. Со 100те милиони евра, ќе им обезбеди плата на учителите за следните 150 години.

    4 Од 120 пратеници, само двајца дале крв во акцијата за доброволно дарување крв. Другите биле нездрави.
    Толку се болни што одвај собрале сила за да си ги земат платите. А кога доаѓаат по дневниците, се влечат по земја од немошност.

    5. Државниот обвинител Александар Прчевски им рече на новинарите: “Порачајте и на Карла дел Понте дека не е точно оти Македонија не ги сака назад четирите случаи од Хаг”.
    Што има ние да í порачуваме. Нека седне нека и напише писмо.
    Нели Прчевски е јавен обвинител. Или и за тоа нема доволно докази.

    6 Еден затвореник од Шутка поставил ултиматум и барал во затворот да му ја донесат министерката за правда Мери Младеновска и фрижидер.
    Тамам го ставивме насловот “Ледената Мери од Шутка”, кога министерката нe разочара. Таа не се дава. Не оди в затвор непоканета. Нејзиниот кабинет не добил писмено барање од затвореникот.
    Добро е што затворениците ја бараат Мери само за гледање. Ќе беше загрижувачки ако побараа и нешто друго од неа.

    8 Го признавме и Ирак. Плус Илинка Митрева беше на донаторска конференција за Ирак.
    Ние сме познати донатори. Веќе дониравме три глави. Сега кога го признавме Ирак, ќе можеме конечни да го испратиме истражувачкиот тим да ги пронајде.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира