УДАРНА ЗАБАВА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:233:"ДодекаСкопјесоопштонароднавеселбаќегоспасувасветотодвоенакатастрофа,воЈугославијаќезавладеемиригробнатишина

    1. Од добро известени воени кругови во Багдад се дознава дека Садам Хусеин поднел молба за виза во југословенската амбасада. Откако слушна дека Циле во Скопје ќе прави светска мировна манифестција, Садам веќе ги спакува куферите и подготвен чека да долета на забава среде Македонија.
    Во меѓувреме, Циле Национале пишува покани до сите светски државници и собира стручна екипа за мултимедијалниот хепенинг што ќе го спаси светот од катастрофа. По неговите бројни мировни походи низ селата и градовите низ татковината и среде Македонците од дијаспората, можеше да се очекува една ваква светска иницијатива што ќе појде, од каде, ако не од средиштето на ста­билниот Балкан, мирната Југославија, пребогатата Македонија и “светското” Скопје.
    Она што посебно радува во преобразбата на свети Василие Водоносец во свети Василие Миротворец, е тоа што учи на старите грешки и прифаќа совети. Така, по неуспешниот поход на “Студенчица” која сакаше да ја реши со разговор, ја прифати сугестијата на најпознатиот југословенски менаџер Џаро, кој пред­лагаше на шахтата во Добреноец да ја качи Лепа Брена. Брена не дојде во Добре­ноец, но ако Циле направи една принципиелна коалиција со Џаро, таа ќе ги смири духовите на Хусеин и Буш.
    Додека Скопје се подготвува за општонародна забава за мир, во Југославија состојбите сами од себе ќе се смират. Ширум целата земја ќе биде тивко и досто­инствено. Ќе владее гробна тишина.

    2. Во иницијативниот одбор за мировната манифестација се најде и про­фесорот Никола Матовски, во пошироката јавност познат како челник на колоната на СК – Движење за Југославија. Навистина, во одборот на Циле се појави маскиран како претседател на Клубот на Обединетите нации во Скопје, ама брзо ја издаде својата партиска припадност. Неколку пати во текот на својата мировна дискусија побара во Скопје да се организира некоја “ударна” мани­фестација, и тоа исклучиво во форма на голем општонароден митинг.
    На Циле и на Џаро сега им останува проблемот како да го осмислаат ударот што им го нарача војничката партија. Најдобро е, за да биде во стилот на СК-ДЈ, на денот на мировната манифестација да удрат неколку плотуни од артилериско оружје од тврдината Кале. Така силно ќе одекне повикот за мир, а и конфигу­рацијата на теренот е многу погодна. Од прва можат да се погодат и плоштадот “Маршал Тито” и коцкичките на ЦеКа и потстанарските простории на ре­формистите. Единствено ќе треба да се гаѓа “на тепка” во седиштето на ВМРО, затоа што никој жив не знае каде ќе се наоѓа тоа утро. Откако почнаа офицерите да се занимаваат со генетика и да испитуваат дали војводата Љупчо го наследил генетскиот материјал на дедо му додека бил српски џандар или пак додека бил бугарски војник, ВМРО-овците го селат своето седиште секој ден, да ги заташкаат трагите на своите дедовци.

    3. Откако пак на телевизија три-четири пати ни го прикажаа трилерот на режисерот КОС, во кој главната улога му беше доверена на хрватскиот министер за тероризам Мартин Шпегељ, во Македонија почна масовно одбивање на понудите за снимање филмови. Особено кога е во прашање главна улога. Лидерите на партиите ги проверуваат плакарите по канцелариите и сопствените домови, спуш­таат завеси за да се скријат од некоја евентуална камера или микро­фон. Кога се поздравуваат со други луѓе, ги загледуваат по џебовите, од таму случајно да не ѕирка некое камкордерче. Кога си легнуваат в кревет со своите госпоѓи и другарки, се покриваат со три јоргани. Бидејќи КОС секогаш објавува само дел од мате­ријалот што е снимен, не е никакво чудо некој ден од вишокот материјал во ударен термин, во ударно време, на телевизијата да ни пушти филм со лидерите на нашите партии во ударна акција во своите кревети.

    4. Нашиот народ дефинитивно нема смисла за ударни работи. Не го бива дури ни за тероризам. Си играле децата терористи и направиле молотов коктел. Го фрлиле во зградата на ЦеКа. Толку биле мајстори што фитилот догорел, а шишето не експлодирало.
    На сличен начин пред неколку месеци беше запалена и зградата на бившите бугарски комунисти во Софија. Само што, за разлика од нашите коцкички, нивното масивно здание и тоа како гореше.
    Во потрагата по терористите нашата милиција може да биде сигурна само во едно: Шишето го фрлил некој што не се школувал во Бугарија.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари